17 Декември, 2025
0.0756

САД ја гледа Венецуела како закана за националната безбедност

Објавено во: Свет 09 Март, 2015 17:51

Добивај вести на Viber

Претседателот на САД, Барак Обама ги зголеми санкциите против Венецуела поради кршење на човековите права. Тој исто така најави дека владата на таа земјата ги прекршила правата и ги опиша како закана за националната безбедност на САД, соопштува Ројтерс.

Обама наредил санкционирање на 7 официјални претставници на Венецуела, вклучително и замрзнување на нивните американски средства и забрана за влез на територијата на САД.

Поранешни и сегашни венецуелски официјални претставници, кои ги кршат човековите права на граѓаните на Венецуела и се поврзани со корупција, нема да бидат поздравени од САД. И сега ги имаме алатките да ги блокираме нивните средства и употребата на нивните американските финансиски системи, изјавил портпаролот на Белата куќа.

Белата куќа ја повика Венецуела да ги ослободи сите политички затвореници.

Венецуела е во сериозна криза поради зголемувањето на цените и ограничениот пристап до стоки. Пред две недели Владата на јужноамериканската земја и даде две недели на американската амбасада во Каракас да го намали дипломатскиот персонал од околу 100 на 17 вработени. Исто така се воведуваат и визи за американските граѓани.

Можеби ќе ве интересира

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?