САД негира дека се подготвени да преговараат со Башар Асад
Објавено во: Свет 17 Март, 2015 11:07
САД соопштија дека никогаш нема да преговараат директно со сирискиот претседател Башар Асад, што е спротивно на претходните изјави на државниот секретар Џон Кери, пренесува „Ројтерс“. Овој шанса прави помалку веројатно спроведување на трилатералните преговори, кои треба да договорат примирје во Сирија.
Во неделата Кери посочи дека Асад може да учествува во процесот на постигнување дипломатско решение на граѓанската војна, но неговата изјава наиде на остро од европските и арапските сојузници на САД.
Стејт департментот и Белата куќа се обидоа да го ублажат влијанието на изјавата на Кери и изнесоа дека односот на САД кон претседателот не се сменило. Портпаролот на Стејт департментот Џен Пскаи изјавил дека иако САД ја сфаќаат потребата од претставници на Владата да учествуваат во преговорите, „тоа не може да биде и никогаш нема да биде самиот Асад“.
„Продолжуваме да веруваме ... дека нема иднина за Асад во Сирија“, изјавил Псаки за новинарите. Вашингтон постојано истакнува дека најголем приоритет во Сирија е противењето на терористичката група „Исламска држава“. Граѓанската војна во Сирија трае веќе петта година, во неа загинаа стотици илјади, а милиони беа раселени.
„Треба да преговараме, на крајот“, изјавил Џон Кери во интервју за „CBS“, запрашан дали САД би преговарале со Асад. „Ние сакаме да преговараме од самиот почеток, во контекст на Женева (во 2012 година во градот се одржа конференцијата на која беше дискутирано дипломатско решение на сирискиот конфликт)“, изјавил Кери и додал дека САД и други држави ги испитуваат варијантите за дипломатско решение на конфликтот.
Псаки соопшти дека САД постојано разговарале со Русија, која го поддржува режимот на Асад, како и со партнерите на Вашингтон во Европа и Персискиот залив, но додаде дека не е почнат процесот на преговори.
Можеби ќе ве интересира
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?




