Саделе, наводнувале, но пак ќе купуваат храна оти родот е слаб и неквалитетен
Објавено во: Македонија, Агробизнис 07 Август, 2025 07:32
Поради сушите годинава, многу луѓе иако саделе одредени култури, ги наводнувале, прскале, сепак родот е слаб и неквалитетен и ќе мораат да купуваат храна. Иако вложиле време, пари, труд, сепак ќе мораат да купуваат намирници. Многу поплаки има за слабиот род на гравот.
„Фрлив пет килограми семе грав, но не се надевам дека ќе ја повратам таа количина. Нема род. Планирам да нарачам трипати по 10 килограми и така ќе се покријам до идната сезона. Ние сме семејство со 7 члена и нам ни требаат 30 килограми годишно. Се жалат и многу други луѓе, затоа што едноставно ако го повратат само семето кое го засадиле, тие се во загуба и ќе мораат да купат исто како некој што живее во градот и не инвестирал, не се мачел“, објаснува кумановка.
Луѓето потврдуваат дека често се случува одредена култура да не го даде очекуваниот род.
„Со лозјата е така, ги фаќа болест, ќе изгори, ќе измрзне, потоа мораш да купиш грозје за да направиш вино. Отсекогаш било така. Сме имале случаеви, ќе засадевме домати, ќе ги фатеше болест и моравме да купиме или во малите места можевме да се смениме со некој, да му дадеме едно, да земеме друго. Ние садиме компири, но со нив сме немале некој проблем“, раскажува Стојанче Китанов, земјоделец од Кратово.
Агрономот Филип Димковски вели дека кога зборуваме за годинешната ситуација во градинарското производство, треба да имаме на ум дека не станува збор за климатски промени туку за состојби предизвикани од климатските фактори. Изменувањето на една клима е долгогодишен процес кој не се одвива така едноставно и чија видливост не се случува наеднаш, додека, климатските фактори се причинители на одредени тековни состојби и промени кај растенијата.
„Како во минатото така и денес, имаме години на суши и години на дождови што е сосема нормално. Но, како тие услови влијаат врз растениајта, тоа е темата за која ќе зборуваме. Имено, користејќи ги агроеколошките принципи на земјоделство ние ја храниме почвата на органски начин, а со тоа обезбедуваме здраво растение со силен имунитет и отпорност кое полесно одолева на временските ситуации. Од друга страна ако имаме растение чиј раст е постојано вештачки стимулиран, добиваме брз раст на растението кое не е способно за тоа време да изгради имунитет и да даде отпорност кон временските прилики. Во Прилепскиот Регион, дожд не заврна повеќе од 75 дена и тоа од крајот на мај па до 4 август, период кој е значаен за градинарските култури бидејќи се во фаза на полн развој, цветајќи, плодонесејќи и зреејќи. Така големата суша предизвика стагнирање на процесите кај растенијата. Тоа значи дека растенијата доживеаја температурен стрес кој се одрази на развивање на надземната зелена маса, опаѓање на цветот и слабо заврзување. Дури и да се врши редовна прихрана и залевање, високите температури го оневозможуваат растението да ја искористи водата и хранливите материи кои сме ги инпутирале. Кога растението е слабо и без имунитет, доаѓа до појава на болести чии причинители се различни. Се јавуваат механички повреди од сонцето, кои освен што ја намалуваат пазарната вредност на плодовите исто така можат да бидат причина за појава на габични заболувања. Заради сушата, полето и шумите не обезбедуваат храна за многу инсекти и птици, па тие се принудени да доаѓаат во нивите и да се хранат со култивираните растенија, а со тоа да нанесат штети врз производството“, објаснува Димковски.
Додава дека дождовите кои претходните денови заврнаа се од големо значење за есенската берба и значително ќе ја подобрат состојбата кај оние растенија кои успеаја да опстанат во претходниот сушен период.
„Бидејќи повторно се најавени високи температури земјоделците превентивно можат да користат прихрана на растенијата со витамини и аминокиселини, да вршат засенчување со зелена мрежа, да наводнуваат редовно и тоа по можност навечер, но тоа да не биде секојдневно. Секако дека последици ќе има во однос на квантитетот и квалитетот на производите што ќе влијаат врз цените и ќе се зголеми потребата од увоз, но сепак со добри земјоделски практики може да се спаси дел од производството“, кажа Димковски.
Инаку, деновиве имаше поплаки дека и тутунот ќе има многу помал род поради неповолните услови. Културите последниве години трпат големи штети од лошите временски услови.
Сања Атанасовскаfoto freepik.com
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино
Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец
УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?
ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат
Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“
Град Скопје со препораки: Затоплувајте се само со суво и чисто дрво
Одбраната на поранешните градоначалници на Кочани, Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“





