Саем на мебел 2025: Кога домот е повеќе од простор - заедно градиме поддршка и надеж

Објавено во: Мои пари 24 Март, 2025 11:07
Годинашниот Саем на мебел, покрај
инспирацијата за домот, носи и порака на солидарност - дел од приходите од
влезниците ќе бидат донирани во фондот за солидарност на Црвен крст за
настраданите од пожарот во Кочани
Во моменти кога зборовите тешко ги доловуваат чувствата, нашите дела зборуваат најгласно. Токму затоа, годинашниот Саем на мебел, што ќе се одржиод 26 до 30 март во комплексот Борис Трајковски во Скопје, не е само простор за дизајн, инспирација и иновации - туку и заедничка подадена рака. Среде подготовките за настанот кој секогаш носи креативност и свежи идеи за уредување на домот, не можеме да останеме рамнодушни пред болката што ја потресе Македонија.
Со длабока почит кон семејствата погодени од трагедијата во Кочани, информираме дека дел од приходите од влезниците ќе бидат донирани преку Фондот за солидарност на Црвениот крст, за настраданите и повредените во трагичниот настан. За посетителите кои сакаат да придонесат, на Саемот ќе бидат поставени кутии за донации во соработка со Црвениот крст, овозможувајќи секој да даде свој придонес во хуманитарната акција.
Саемот на мебел 2025, ќе се одржи од 26 до 30. март 2025, во комплексот Борис Трајковски, со повеќе од 50 брендови. Работно време на саемот е секој ден од 10.00 до 20.00 часот.
За повеќе информации за Саемот на мебел, посетете ги следните линкови:
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
glo™дел од „HYPER PORTAL“ на Микела Пики и претставена уникатна glo™ колекција во соработка со SUNS

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата денеска 89,30 евра за мегават час, на МЕМО 91,00 евра за мегават час

СУПЕР МИЛИОНЕР ВО ОХРИД: ИГРАЧ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА ОСВОИ 6.787.199 ДЕНАРИ

Беспрекорна продуктивност - АИТОНИКС го претставува новото AI PC портфолио на DELL!

Ико Брдаровски: Како до успешно селектирање на отпадот? Кои се иновациите во управувањето со отпад

Повик за македонските стартап тимови: Компанијата „Mozzart“ Србија го започнува четвртиот циклус на стартап програмата „Универзум“ – Пријавете се!

Daily Food & Wine e урбана гастрономска оаза што го претвора секојдневието во доживување

„Литера“ продолжува со ден посветен на креативноста, емоциите и илустрацијата
