САКАЛЕ ДА ВЛЕЗАТ НА ЗАБАВА ЗА „ХАЛОУИН“, НАМЕСТО ТОА ИЗЕЛЕ ЌОТЕК: Инцидент пред дискотека во Скопје, момче заврши со дупната глава, а неговата девојка со расцепена уста
Објавено во: Македонија 01 Ноември, 2024 14:15
Голем инцидент се случил синоќа во скопски центар, поточно пред дискотеката во близина на Државната болница. Биле нападнати млади лица на околу 20 годишна возраст.
Според кажувањата на мајката на едно од нападнатите лица, Д.С. нејзината ќерка со нејзиното момче, и нивниот другар, во 1.30 часот, сакале да влезат на забава за Халоуин што се организирала во дискотеката 12-12. Кога пристигнале, сакале да влезат, но биле вратени со образложение дека немаат резервација. Но, по кратко време, хостесата им рекла дека ќе може да влезат, на што нападнатите рекле дека веќе е доцна и дека ќе си одат.
„Тогаш еден од тројцата обезбедувачи го нападнало момчето (22) на ќерка ми, заради тоа што зборувало со хостесата и му удрил бокс, заради кој момчето ја дупнува главата. Ќерка ми (20) скокнала да го одбрани, но и таа добила бокс, по што паднала и ја расцепила устата. По тоа, тројца му се нафрлиле на момчето и го тепале“вели мајката на нападнатата девојка.


Таа додава дека момчето што било со нив, се приклучило да помогне и да го одбрани натепаното момче.
Некој од присутните успеал да го сними инцидентот по што им ја дал снимката.
На снимката се слуша девојката како вреска.
Вечерта биле во болница, каде им биле третирани раните, а случајот е пријавен во полиција.
Нападнатата девојка вели дека на ниту еден начин не придонеле за да бидат нападнати. Вели „само затоа што зборуваше мојот дечко со хостесата, тој не нападна.“
„Сите тројца беа на возраст од околу 25/26 години, едниот од нив прво го удри момчето, па мене, но јас откако бев удрена не можев да помогнам“, вели таа. Потоа, како што вели, уште двајца од обезбедувањето му се фрлиле на момчето.
Вели дека откако повикале полиција, напаѓачите избегале. Според неа биле вратари во дискотеката.
„Беа големи момци, навистина поголеми од нас“, додава таа.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека „денеска (01.11.2024) во 01.30 часот во СВР Скопје, М.М.(20), М.С.(20) и Н.Ч.(22) сите од Скопје пријавиле дека пред угостителски објект на подрачјето на Центар М.М. и М.С. биле физички нападнати од едно лице, а Н.Ч. бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од МВР.
Можеби ќе ве интересира
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти




