14 Јули, 2025
0.0475

„САКАМЕ СОРАБОТКА, КОМУНИКАЦИЈА, САКАМЕ ДА ИМАМЕ ШТО ПОВЕЌЕ СРЕДБИ“: Муцунски за соседна Бугарија

Објавено во: Македонија 13 Јуни, 2025 13:59

Добивај вести на Viber

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска истакна оти тој не може да каже дали ќе има средба со претставници на Бугарија на маргините на Самитот на НАТО во Хаг, дека за тоа треба одговор да се бара од Софија, а она што, како што посочи, може да го каже е дека очекуваат повеќе средби и редовна комуникација со нашиот сосед.

Муцунски денеска на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Унгарија, Петер Сијарто, одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали ќе има средба со бугарската страна во Хаг, посочи дека смета оти е нормално сите соседи да комуницираат не само по однос на политички прашања, туку и за се она што е од взаемен интерес.

- Не можам јас тоа да го одговорам, тоа ќе треба како прашање да го поставите во Софија. Јас ќе можам да ви одговорам што ние правиме и што ние очекуваме. Ние сакаме средба и средби и комуникација бидејќи сметаме дека е нормално сите соседи да комуницираат не само по однос на политички прашања, туку по однос на низа прашања, кои што нас не засегаат во билатералните односи. И ние секогаш ќе наоѓаме начин за комуникација врз основа на принципи, вредности, политики насочени за добробит на нашата држава со сите наши соседи, вклучително и со Бугарија. Но истовремено нема да отстапиме од поставени принципиелни позиции - рече Муцунски.

Тој додаде дека тоа е она што му го пренел во телефонскиот разговор и на неговиот бугарски колега Георг Георгиев.

- Сакаме соработка, сакаме да имаме комуникација, сакаме да имаме што повеќе средби. Средбата што ние ја имавме на почетокот на неговиот мандат во Минхен беше на наша иницијатива. Ги поддржуваме напорите, кои доаѓаат за одржување средби и во рамки на Самитот во Хаг и на сите други форуми и ќе даваме секогаш поддршка за се она што значи добри односи со сите наши соседи - рече Муцунски.

Министерот додаде дека истовремено тоа не значи отворање на каков било простор за отстапка во однос на тоа што е наша уврдена државна позиција и ја повтори позицијата, која, како што, кажа постојано ја изнесува во јавноста.

- Сметаме дека нашиот пат кон ЕУ треба да стане предвидлив, 20 години, не иритира создавањето на наратив на жртва, но факт е дека повеќе од 20 години сме жртва на постојаната билатерализација на нашиот европски  пат. Оваа Влада во својата прва година од мандатот успеа да обезбеди пристап до СЕПА, стана прва држава во регионот, која потпиша партнерство во делот на безбедноста и одбраната со ЕУ, прва обезбеди средства од Планот за раст од Реформската агенда - рече Муцунски. 

Потоа додаде дека за тоа се свесни сите во Европа, но свесни се и за спорот со Бугарија, за кој, како што кажа, треба да се најде начин за надминување.

- Треба да најдеме начин да се надмине таа препрека, за тоа нема дилема, ниту во Владата, ниту кај претседателката на државата, ниту кај кој било од нас,  верувам, ниту кај кој било од вас. Не смееме да дозволиме на патот до членството да бидеме понижени, погазени, да дозволиме да продолжи оној тренд, кој за жал се воспоставуваше од нашите претходници, од откажување од нашиот национален идентитет, од остапки во однос на нашиот јазик, од отстапки по однос на нашата историја, во однос на кое било наше идентитетско обележје, бидејќи што е една нација доколку нема свој идентитет. И тие се оние црвени линии, кои јасно и принципиелно ги воспоставуваме-  потенцира министерот Муцунски.  

Можеби ќе ве интересира

Пожар во Злокуќани - горат куќи

Пожар во Злокуќани - горат куќи

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Двојно убиство и самоубиство поради нерасчистени имотно - правни односи го потресе Прилеп

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Двојно убиство и самоубиство поради нерасчистени имотно - правни односи го потресе Прилеп

ИМА 15 ПОЖАРИ НА ОТВОРЕНО: Aнгелов кажа каде е најкритично

ИМА 15 ПОЖАРИ НА ОТВОРЕНО: Aнгелов кажа каде е најкритично

АВСТРИЈА ГО БАРАЛА СО ПОТЕРНИЦА: Уапсен е македонски државјанин во Тирана

АВСТРИЈА ГО БАРАЛА СО ПОТЕРНИЦА: Уапсен е македонски државјанин во Тирана

УБИЕЦОТ ОД ПРИЛЕП ГО ПОКАНИЛ ВНУКОТ ДОМА: Инсистирал тој да го донесе и син му

УБИЕЦОТ ОД ПРИЛЕП ГО ПОКАНИЛ ВНУКОТ ДОМА: Инсистирал тој да го донесе и син му

(ВИДЕО) НИКОЛОСКИ: Голем ден, дел од автопатот Охрид – Кичево е пуштен во сообраќај

(ВИДЕО) НИКОЛОСКИ: Голем ден, дел од автопатот Охрид – Кичево е пуштен во сообраќај

АРСОВСКА ДО ТОШКОВСКИ: Панче, да постапеше пред 2 месеци по заканите, ништо од ова немаше да се случи

АРСОВСКА ДО ТОШКОВСКИ: Панче, да постапеше пред 2 месеци по заканите, ништо од ова немаше да се случи

НАПРАВЕНА Е КОНТРОЛА ВО СТРУМИЦА: Oсум лица се движеле во шума, а немале дозвола

НАПРАВЕНА Е КОНТРОЛА ВО СТРУМИЦА: Oсум лица се движеле во шума, а немале дозвола

ГО ФАТИЛЕ НА НАДЗОРНА КАМЕРА: Maж подметнал пожар во Делчево

ГО ФАТИЛЕ НА НАДЗОРНА КАМЕРА: Maж подметнал пожар во Делчево