16 Декември, 2025
0.0555

Самарас: Грција нема потреба од повеќе кредити за спас

Објавено во: Балкан 30 Декември, 2013 19:23

Добивај вести на Viber

Грција ќе се откаже од програмата за спас која ја реализирана со ззедничките напори на Европската централна банка (ЕЦБ ) , Европската унија ( ЕУ ) и Меѓународниот монетарен фонд ( ММФ) во 2014 година , изјави во телевизиското обраќање премиерот Андонис Самарас , објави  Telegraph . „Во 2014 година, ние ќе направиме голем чекор , излегувајќи од договорот за доделување на кредити " , истакна Самарас. „Следната година Грција ќе посегне кон пазарите и ќе стане повторно нормална земја " , додаде тој. Според него во 2014 година грчкиот долг ќе биде официјално прогласен за сигурен , што значи дека нема да има потреба од нови заеми и нови спасувачки договори" . Атина доби за првпат пари од „тројката" кредитори во 2010 година , кога беше доделена сума во износ од 110 милијарди евра . Вториот спасувачки беше реализиран во 2012 година и беше во вредност од 130 милијарди евра плус отпис на приватниот долг во вкупна вредност од повеќе од 100 милијарди евра . Спасувачкиот план треба да биде прекинат во средината на 2014 година. Притоа доверителите  и власта имаат силна вера дека наскоро Грција нема да има потреба од повеќе надворешно мешање . Сепак доверителите се  уште се загрижени дека земјата може и да не успее да опслужи своите долгови во вкупна вредност од 4,4 милијарди евра . Ова може да доведе до финансиска дупка во износ до над 10,9 милијарди евра кон 2015 година Претходно месецов Ирска стана првата земја од еврозоната која најави дека ја прекинува спасувачката програма.  Грција од Нова година го презема шестмесечното претседавање со Европската унија со скромен буџет и уште поскромни очекувања. Свесни дека многумина во ЕУ ги гледаат како нација која поради презадолженоста, расипништвото и корупцијата, ги повлекла и останатите земји во економската и финансиска криза, Грците ветиле дека нивното претседавање ќе биде „спартанско“. Атина за трошоците на своето раководење одредила рекордно низок буџет од само 50 милиони евра, 10 милиони помалку од Ирска, која со Унијата претседаваше во првата половина од оваа година.

Можеби ќе ве интересира

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени