Самарас ја спаси Грција од кризата?
Објавено во: Балкан 10 Јуни, 2013
Направен е голем чекор напред во борбата против финансиската криза, а во најскоро време се очекува и подобрување на економијата во земјата, истакна грчкиот премиер Андонис Самарас за време на вчерашната средба со сопартијците во Солун, а во очи на претстојниот Конгрес на партијата Нова демократија.
Како што пренесува Ројтерс, за Самарас коалициската Влада со која тој раководи ја спасила земјата. Притоа тој упати остри критики до лидерот на опозициската партија СИРИЗА, Алексис Ципрас.
Самарас рече дека единствената темна дамка во последните години во Грција е појавата на неонацистите, алудирајќи на „Златна зора“, која на изборите пред една година успеа да влезе во Парламентот и постојано јакне нејзината политичка сила во земјата.