Самит на ЕУ во Брисел посветен на даночната и енергетската политика
Објавено во: Свет 22 Мај, 2013
Шефовите на држави или влади на земјите-членки на Европската унија денеска ќе одржат средба во Брисел посветена на даночната и енергетската политика во Унијата.
Борбата против на затајувањето на даноци, банкарската тајна и иднината на големите финансиски центри како Луксембург и Лондон, различните даночни стапки во ЕУ и дефиницијата на даночната основа, како и цените на енергијата во земјите-членки, ќе бидат темите што ќе се најдат на маса пред првите луѓе на Унијата.
Претседател на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј, кој ќе раководи со денешниот Самит, во писмото-покана до лидерите посочува дека енергијата и даноците се две прашања од исклучителна важност за европската економија и социјалната кохезија.
- Мора да се осигураме дека сите наши политики целосно ќе придонесат за подобрување на конкурентноста, вработувањата и економскиот раст. Овие дебати се исто така во рамки на широката дискусија за стратегијата „Европа 2020“ закажана за март следната година. Во рамки на дебатата ќе побарам од лидерите на државите да интервенираме во трите области: поттикнување на раст, конкуренција и работни места преку подобрување на енергетската ефикасност, понатамошен развој на ресурсите и да се постигне попредвидлива енергетска политика, како предуслов за привлекување на потребните инвестиции во модерна енергетска инфраструктура. Убеден сум дека ќе успееме да ја дадеме потребната ориентација во нашата идна работа, истакнува Ван Ромпуј во поканата за денешниот Самит на Советот.
Како што е предвидено, по работниот ручек со претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, пред првите луѓе на 27-те земји на Унијата претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Барозо ќе го претстави акцискиот план.
- Вкупната загуба на приходи поради измами и неприфатливо затајување на данок се проценува на илјада милијарди евра годишно. Како да им објасниме на искрените домаќинства и бизниси кои и покрај притисокот плаќаат фер удел на данок, додека во исто време постојат други делови од општеството и компании што намерно избегнуваат да платат данок? Како да го оправдаме барањето до земјите-членки за фискална консолидација и да направат тежок избор со намалување на трошоците, додека во исто време постојат купови на готовина кои треба да бидат во државните каси, но никогаш не се собираат? Време е за одобрување и спроведување на конкретни предлози и акции за да се спречи сето ова,гласи пораката на Барозо што попладнево ќе им ја пренесе на шефовите на земјите-членки на Унијата.
Следниот Самит на Европскиот совет ќе се одржи во каде покрај идниот седумгодишен Буџет на ЕУ (2014-2020) , ќе се одлучува и за доделување на датуми за почеток на пристапните преговори на Македонија и Србија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.