05 Декември, 2025
0.0593

Само 2 отсто зголемен бројот на авиопатници

Објавено во: Мои пари 11 Февруари, 2013 15:19

Добивај вести на Viber

Бројот на патници на скопскиот аеродром „Александар Велики“ е зголемен само 2 отсто во месец јануари во однос на јануари лани. Ова е големо намалување ако се земе предвид дека зголеменувањето беше 20 отсто на јануари минатата година спредено со истиот месец 2011та година, вели интернет страната Балкан. Низ аеродромите во Скопје и Охрид годинава поминаа 65, 700 патници, објави операторот ТАВ. Од друга страна,бројот на летови изнесувал 893, што е за 3 отсто помалку од преклани. Во изминативе 12 месеци бројот на летови бил 11, 255, што е пад од 6 отсто споредено со претходните 12 месеци. -Скромниот раст е донекаде разочарување, ако се земе предвид дека „Виз Ер“ воведе 6 нови линии од скопскиот аеродром, а и „Флајдубаи“, исто така, лета од аеродромот за разлика од ланскиот јануари. Ако Скопје сака да ја достигне зацртаната цел и да услужува милион патници годинава, аердомот ќе треба да забележи значителен раст во следните месеци. Во јануари 2012 година, скопскиот аердром прикажа раст од 20 отсто споредено со претходната година, стои во веста на специјализираниот портал „Екс-Ју Ејвиешн Њуз“, кој го покрива авиосообраќајот на територијата на поранешна Југославија. Бројот на патници може да се зголеми благодарејќи на најавите на неколку нови компании кои објавија планови да лансираат летови од скопскиот аеродром. Неодамна, чартер комапнијата „Алба“ започна да лета од Скопје за Рим и Базел секој викенд. „Нордик Ер Свиден“ ќе ги инаугурира своите летови за Копенхаген на 28ми февруари, „БиХ Ерлајнс“ ќе започне да лета за Сараево од 1ви април, а „Џетерфлај“ ќе ги обнови сезонските летни летови од Брисел. Исто така, постои можност „Виз Ер“ да го зголеми присуството во Скопје со нови линии, додека нискобуџетниот „Флајдубаи“ ќе ја зголеми фреквенцијата од двапати на трипати неделно ова лето, а „Катар Ервејс“ размислува да лансира летови од Доха за Скопје подоцна годинава.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје