15 Јануари, 2025
0.0286

Само 6,47% од невработените се пререгистрирале во ФЗОМ, рокот истекува во март

Објавено во: Економија 14 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Невработените лица и лицата кои лани добиле здравствено осигурување на товар на Буџетот за себе и за своето семејство врз основ на своите пониски примања и за лицата кои прв пат здравствено ќе се осигуруваат по овој основ треба да се пререгистрираат во Фондот за здравствено осифурување (ФЗОМ) „Со цел да се обезбеди континуитет во здравственото осигурување за овие лица почнувајќи од 1 февруари 2013 заклучно со 31 март 2013 година, ги повикуваме сите лица кои согласно законот ги исполнуваат условите, да дојдат да се регистрираат. Оваа обврска се однесува и за сите оние кои се регистрираа во 2012 година, да се пререгистрираат во соодветната подрачна служба на Фондот според местото на живеење“, изјави Џемали Мехази, директор на Фондот. ФЗОМ, додаде тој, апелира и ги повикува граѓаните опфатени со овој повик што поскоро да извршат пререгистрација и да не го чекаат последниот момент за пререгистрација за да се избегнат гужвите, доцнењата и нервозите, но истовремено Фондот сака да се осигура дека нашите осигуреници ќе си ги остваруваат своите права во континуитет. Невработените лица носители на здравствено осигурување потребно е да се пререгистрираат во подрачните служби на ФЗОМ, а во поголемите градови и на шалтерите на ФЗОМ во просториите на агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ). Пререгистрирањето, како што објасни тој, е со цел да се изврши промена на основот на осигурување, со потпишување изјава за остварени приходи и презаверка на здравствените легитимации, како и потполнување на барање за издавање на електронска здравствена картичка. Мехази соопшти дека одѕивот на невработените лице е многу слаб иако рокот започна на 1 февруари. „Половина месец од започнувањето на пререгистрацијата само 14.785 лица, од вкупно 228.548 лица носители на здравствено осигурување, односно само 6,47% извршиле пререгистрација“, изјави директорот на Фондот.

Можеби ќе ве интересира

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

ДУРИ И НАЈСИРОМАШНАТА АМЕРИКАНСКА ДРЖАВА ЌЕ СТАНЕ ПОБОГАТА ОД ГЕРМАНИЈА: Само малку заостанува зад германскиот БДП

ДУРИ И НАЈСИРОМАШНАТА АМЕРИКАНСКА ДРЖАВА ЌЕ СТАНЕ ПОБОГАТА ОД ГЕРМАНИЈА: Само малку заостанува зад германскиот БДП

ПРЕКИН ВО РАБОТЕЊЕТО НА СИСТЕМОТ Е – ДАНОЦИ ОД 16 30 ЧАСОТ: Интервенцијата ќе трае неколку часа

ПРЕКИН ВО РАБОТЕЊЕТО НА СИСТЕМОТ Е – ДАНОЦИ ОД 16 30 ЧАСОТ: Интервенцијата ќе трае неколку часа

Поради снегот, исклучен блок 1 во РЕК Битола

Поради снегот, исклучен блок 1 во РЕК Битола