17 Декември, 2025
0.0449

Само Apple го може тоа!

Објавено во: Свет 29 Јануари, 2015 08:30

Добивај вести на Viber

Најнеочекуваното нешто од резултатите на Apple, објавени оваа недела, не беше тоа дека компанијата поставува рекорд, туку дека практично никој не сфатил како се случи тоа. Откако во 2011 година стана извршен директор на компанијата, Тим Кук го охрабри партнерството со аналитичарите од Wall Street и внимателно ги насочуваше нивните очекувања, најмногу за да избегне слични изненадувања (добри или лоши). Резултатите од последниот квартал покажаа најголема неусогласеност со очекувањата на аналитичарите од април 2012 година. Добивката по акција достигна 3,06 долари, надминувајќи ги очекувањата со 18%. Сличен раст беше нешто како стандард во времето на ерата на Стив Џобс. Ако имаше едно нешто што можеше да се очекува од компанијата, додека таа беше управувана од Џобс, тогаш тоа беше дека таа речиси секогаш успеваше да ги надмине очекувањата. Со многу. Во тоа време Apple ги надминуваше очекувањата на пазарот за финансиските резултати во просек за 21%. Објавувањето на резултатите за Кук е далеку не толку интересно. Добивката по акција ги надминува очекувањата на аналитичарите во просек со 7,3%. Ова делумно се должи на фактот дека Apple е премногу голема, а сега е и нај високо оценета компанија во светот. Ова се должи и на одлуката на нејзиниот финансиски оддел да дава точни насоки. Во јануари 2013 година компанијата ја промени својата процедура за предвидување. Наместо да објавува конкретни стапки кои е уверена дека ќе ги постигне, таа помина кон објавувањето на поширок спектар на можности од страна на главниот финансиски директор Питер Опенхајмер. Така наместо да дава "конзервативни" проценки кои често успеваше да ги надмине, Apple премина кон "поголеми насоки", за кои верува дека би можела да ги постигне, посочува Опенхајмер. "Нема гаранции. Предвидувањето е тешко ", коментира тој. Три фактори го направија последниот квартал за особено тежок за прогнозирање и сите тие се поврзани со појавата на новиот iPhone, тврди Џин Мјунстр, аналитичар во Piper Jaffray & Co. Првиот беше колку ќе се зголемат корисниците на Android, минувајќи кон нејзините производи, откако Apple понуди поголем smartphone. Одговорот: повеќе од секој пат за последните три години, коментира Кук. Вториот е дали луѓето ќе сакаат поскапи модели со двојно поголема меморија во споредба со претходните модели. Тие го направија. Според зборовите на Кук побарувачката на iPhone ги надмина високите очекувања на компанијата со продажбата на повеќе од 74 милиони примероци, предизвикани од невидената популарност на iPhone 6 и iPhone 6 Plus. "Средно земено сме продале над 34 000 iPhone-и секој час, 24 часа на ден, секој ден од кварталот", коментира тој. Според аналитичарот на Oppenheim & Co Ендрју Јурквиц нема да биде никакво чудо ако по три месеци Apple повторно изненади со резултатите. K.K.

Можеби ќе ве интересира

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“