02 Мај, 2024
0.0272

Само да не краде, новата власт ќе направи пресврт во развојот

Објавено во: Економија, Колумни 07 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Додека пазарните економии проблемите во развојот ги решаваат преку промени во моделите за развој и со различно дозирање на мерките и инструментите на економските политики, во Македонија е на сцена борбата против груевизмот. Во отсуство на морални скрупули на лидерот почетокот на борбата се префрли врз правното расчистување на  сомневањата за криминални постапки и однесувања на врхушката на власт. И покрај бројните опструкции на Специјалното јавно обвинителство, веќе може да се насети правно-политичката разврска  на кризата во земјата. Се‘ се помалку оние кои се надеваат дека досегашната „екипа“ ќе го продолжи владеењето како досега. Се најдоа на крајот од патот, а сеуште не се свесни  дека досегашните политики и практика ги доведоа во сегашната ситуација, а земјата ја однесоа во пропаст. Несреќа е што времето до изборите ќе помине во ист стил како и досега, а состојбите уште повеќе ќе се влошат, особено во економијата. Предупредувањата од дополнителниот заменик министер за финансии за забрзаното трошење на буџетските средства во периодот пред изборите со цел,  корумпирање на гласачкото тело, само упатуваат на заклучок дека ситуацијата е навистина загрижувачка. Не само што се задолжуваме за враќање на старите долгови, туку, поради недоволниот прилив на приходи, со нови долгови се финансира и тековната потрошувачка. Дури и Светска банка, јасно укажа  на слабостите во раководењето со јавните финансии, за ниската ефикаснот на јвните расходи и за неповолниот тренд на јавниот долг. Многу добронамерни се загрижени. Веќе никому не треба да му се докажува дека продолжувањето со истите политики  и практика води во пропаст. Состојбата и трендовите се толку лоши што раѓаат сомневања дали новата власт ќе може да направи пресврт и земјата да ја изведе на патот на одржлив развој. Потенцијалните средства за развој се „исцедени“. Зголемениот долг не ги подобри развојните перформанси за да генерира побрз развој. Со остварената стапка на раст на БДП не може да се финансираат годишните ануитети на долговите што достасуваат. Тоа значи дека за таа намена треба да издвојуваме и од доходот што досега го распределувавме. А не се знаат ниту скриените долгови кои, кога ќе се подмират, уште повеќе ќе ги влошат можностите за развој. Идниот развој ќе го оптоваруваат и значителните загуби во работењето на јавните претпријатија и институции. Сериозно оптоварување денеска претставува финансирањето на пензиите, а ќе биде уште поголемо во иднина. Бегањето на „актерите“ да се утврди основаноста на сомневањата, придонесе   народот конечно  да  сфати дека  авторитарниот режим кој е и криминално насочен, не е во функција на остварување на општото добро, туку пред се‘ работи на остварувањето на сопствените лични интереси. И пред ДПМНЕ имаше власт, која затоа што не беше квалитетна народот ја тргна од сцената. Но, и таа таква, оствари побрз  раст на БДП од тој што сегашната владејачка коалиција го оствари во изминатата декада. И тоа, со значително помали бруто инвестиции.  Во 2005 година тие изнесуваа 20,5% од БДП, а во  времето на актуелната власт тие надминаа 30% од БДП. Оттука, неповолните трендови во економијата може да се запрат единствено со промена на постојната власт и пресврт во политиката на идната власт. Тоа, секако, нема да биде лесно. Но, не е невозможно за чесни и посветени луѓе на остварување на интересите на граѓаните во Македонија. Само да се потсетиме дека и без „огромните напори“ на владата и позајмените милијарди евра, македонската економија остваруваше поголеми стапки на раст, но тогаш „груевизмот“ не беше во функција, а од државата по тајни канали не се одлеваа милијарди евра или точно како што веќе потврдија меѓународните финансиски инстутиции, за последните 9 години од државата се испумпани над 5 милијарди евра. Појдовната основа за остварување на пресврт во економијата е едноставна - да не се работи ни приближно идентично како што работеше Груевски.  Тоа значи да се стави крај на буџетската потрошувачка како право на лидерот. Да се воспостави механизам за контрола низ кој ќе се оневозможи или минимизира крадењето, а арамиите ефикасно ќе се санкционираат. Да се оневозможи користењето на буџетските средства во коруптивни активности, да се обезбеди доследно остварување на  утврдените капитални инвестиции т.е. со неколку зборови речено, да се надмине волунтаризмот во буџетската потрошувачка. Популизмот на лидерот да се трансформира во долгорочна социјална политика, со сите предности што таа ги има за корисниците во однос на лидерските ќефови. Со ваквата определба ќе се симне стравот на  „бенефиторите“ од досегашната популистичката политика дека со промената на власта можат да им бидат доведени во прашање досегашните „подароци“ од лидерот. Граѓаните мора да разберат дела лидерот не дава и несмее да дава ништо повеќе од она што e предивдено со законот и за што се предвидени средства во буџетот. Па, ако досега имало пари за нив, нема причина да нема и со утврдувањето на социјалната политика. Меѓутоа, тоа нема да се „дарови“ преку кои се изнудува зависност од типот, да се гласа за партијата на лидерот, да се донесат определен број гласачи за неговата партија, да се јавува на митинзи кога ќе биде повикан. И сето тоа  под уцена дека може да биде избришан од „списокот на даруваните“ ако не биде послушен. Решението е едноставно за власт со чесни намери. Треба само да се откаже од арамилукот и секако, на граѓанинот да му се овозможи безусловно да го користи воспоставеното право кое му следува, право кое не зависи од било кого одделно, туку само од законот. Несмее повеќе лидерот да биде над законот и неговата волја да биде пресудна дали и за кого ќе важи одредено законско решение, бенефиција. Впрочем, ако новата власт не успее да го закопа груевизмот како систем на владеење и во исто време не промовира нови вредности, многу е лесно, таа нова власт повторно да се врати на старите позиции, како опозиција. Д-р Крсте Шајноски

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?