САМО ДЕНЕС 20% попуст: Wizz Air пушта намалување на билетите за сите линии
Објавено во: Мои пари 27 Јули, 2016 14:01
Нискотарифната авиокомпанија Wizz Air најави еднодневна промоција- 20% * намалени цени за сите линии и за сите летови резервирани денес, 27 јули, до полноќ.
Патниците, кои го резервираат денес нискотарифниот лет за сите 124 дестинации од мрежата на Wizz Air ќе уживаат 20% намалување.
Во Македонија, „Wizz Air“ нуди вкупно 25 правци до 11 земји од своите два аеродроми во Скопје и Охрид, обезбедувајќи пристап од земјата до Европа и пошироко, овозможувајќи бизнис и останати патувања.
„Wizz Air“ неодамна ја најави новата македонска рута од Скопје до Хановер, главниот град на сојузната покраина - Долна Саксонија во Германија, која ќе започне од 31 октомври.
За оние кои патуваат преку соседна Бугарија
Од Бугарија Wizz Air пак служат вкупно 38 маршрути до 14 држави, од 3 аеродроми, нудејќи достапни врски на земјата во Европа и надвор, за бизнис и туризам.
Најновите Wizz услуги ќе започнат во првата недела на август, поврзувајќи ја Варна со Будимпешта, главниот град и најголем град во Унгарија, и Софија со Нирнберг, во Германија, област Баварија.
Wizz Air неодамна започна летови од Софија до друга прекрасна дестинација, престолнината на Данска и познат град - Копенхаген и најави дека ќе распореди седми авион во базата во Софија во декември 2016.
Можеби ќе ве интересира
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка
ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА
КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“
Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници
Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!
Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?




