САМО ДЕНЕС: Wizz Air со 20% намалување на летовите-Читајте до која дестинација!
Објавено во: Мои пари 16 Август, 2016 18:09
Нискотарифнaта авиокомпанија „Wizz Air“ денеска има промоција од 20% намалување на сите летови од и до Велика Британија, соопшти авиопревозникот.
Поводот е 30 милионскиот патник во својата мрежа од Велика Британија.
Продажбата е во рамките на еден ден, а намалувањето важи за резервации направени денес до полноќ на wizzair.com.
* Попустот од 20% се однесува на цената што ги опфаќа и таксите, задолжителните трошоци и мала кабинска торба (макс: 42 x 32 x 25 cm), но не и административната такса. Попустот важи за нови резервации за сите маршрути само до и од Обединетото Кралство. Промоцијава ќе биде активна од 0 часот на 16 август до 1 часот на 17 август, CET. Цената важи само за резервации направени на wizzair.com, m.wizzair.com, апликацијата за мобилни уреди на WIZZ.
Првиот лет на Wizz Air Скопје беше во Јуни 2011 и од тогаш Wizz постојано ја проширува мрежата во Македонија, како и основање на летови на вториот аеродром во Македонија, аеродромот во Охрид од Јуни 2015. Од првиот лет, преку 2.2 милиони патници избрале да летаат со Wizz во и од Македонија, што ја прави Wizz Air водечка авиокомпанија во Македонија во однос на расположливиот капацитет. Со новите активности во Германија, Wizz Air сега нуди вкупно 25 рути во 11 држави од двата македонски аеродрома: Скопје и Охрид.Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка




