Само еден македонски град е без активни случаи на коронавирусот
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 07 Септември, 2020
Засега само еден македонски град е без активни случаи на коронавирусот.
Станува збор за Ресен. Ова може да се види од податоците кои ги објави денеска Министерството за здравство, по пресот за 24 часа.
Еден активен случај има во Крушево, а во Демир Хисар се 2.
Во Кратово има 7 активни, а исто толку има и во Радовиш.
Во сите други општини бројката на активни случаи на Ковид -19 е повисока.
Вообичаено, Скопје е на врвот по бројот на активни, а зад него е Куманово.
За 24 часа во земјава има 6 починати поради коронавирусот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.