САМО ЕДНА КОМПАНИЈА ДОСТАВИЛА ПОНУДА ДО АЕК - ќе стане ли „Оне Македонија телекуминкации“ нов мобилен оператор?
Објавено во: Македонија 22 Август, 2025 10:52
Само една компанија доставила понуда до Агенцијата за електронски комуникации за доделување фреквенции за трет мобилен оператор
„Оне Македонија телекомуникации“, фирма на унгарската „Фор-ај-џи“, е единствената компанија која достави понуда на тендерот на АЕК за доделување одобренија за нов мрежен оператор.
Комисијата за спроведување на тендерот со јавно наддавање денеска на отворањето на понудите во АЕК констатираше дека понудувачот ги доставил сите документи.
- Постапката ќе продолжи согласно законот. Следува евалуација на документацијата, по што ќе се изготви извештај - изјави Игор Бојаџиев, претседател на Комисијата.
Бидејќи се распишани локалните избори, одлуката, доколку е се во ред, ќе биде донесена по завршување на изборниот процес.
Тендерска документација за трет мпбилен оператор подигнале три компани.
Потенцијалниот нов мобилен оператор во земјава, според условите од тенедерот, треба да почне со работа на крајот на 2026 година.
Фото: МИАМожеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




