19 Декември, 2025
0.2649

САМО ЕДНА ПОНУДА ЗА КОМПРЕСОРСКАТА СТАНИЦА - ако се исполнети условите, ќе се потпише договор

Објавено во: Македонија 12 Септември, 2024 14:36

Добивај вести на Viber

Само една понуда пристигна на вториот тендер за компресорската станица на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје кој го распиша Министерството за здравство. 

Како што соопштуваат од министерството, на денешното јавно отворање на понудите било утврдено дека стигнала само една понуда, по што ќе следува евалуација на единствената доставена понуда. 

Доколку се исполнети условите од тендерската документација треба да се донесе одлука за избор на најповолна понуда и да се склучи договор за јавна набавка.

Министерството за здравство, согласно објавениот Оглас за јавна набавка на стоки, со предмет на набавка: "Набавка, монтажа и пуштање во работа на станица за компримиран воздух", денес,12.09., изврши јавно отворање преку ЕСЈН. 

Пристигната е една понуда, за која во наредниот период, во рамки на законските рокови, ќе се изврши евалуација од страна на Комисијата за јавни набавки и надворешните ангажирани стручни лица, по што, доколку истата ги исполнува условите од тендерската документација, ќе биде донесена Одлука за избор на најповолна понуда и ќе се пристапи кон склучување на Договор за јавна набавка - се наведува во соопштението испратено до медиумите. 

Претходно беше објавено дека три фирми пројавиле интерес за тендерот и ја посетиле локацијата, објави Стојче Николовски, стручно лице за посета на терен, задолжено од комисијата и раководител на Секторот за техники работи во ЈУ од областа на здравството за потребите на јавните здравствени установи, универзитетски клиники, завод и ургентен центар - Скопје.

Операционите сали на Клинички центар во мај годинава беа затворени поради непријатна миризба. За итни интервенции, пациентите се упатуваа во Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ и во Градската општа болница „8 Септември”.  Беше распишан тендер за набавка на нова компресорска станица, кој пропадна бидејќи не пристигна ниту една понуда, по што следуваше нов тендер.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот