САМО СО ВАКЦИНАЦИЈА НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПОСТИГНЕ КОЛЕКТИВЕН ИМУНИТЕТ: Ефективноста на вакцините против заразување сега е 20%, штитат само од тешка форма на болеста
Објавено во: Македонија 22 Ноември, 2021 11:22
Професорот од Техничкиот
факултет во Битола, Дејан Трајковски, во неговата последна објава на Фејсбук
посочува дека само со вакциниорање против коронба вирусот не може да се
постигне потребниот колективен имунитет. Вели дека според последните
истражувања, ефективноста на вакцината против заразување е само 20 проценти и
дека пред се вакцините се моментално средство само против тешка форма на
болеста..
-Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на САРС КоВ 2“. Ова е реченицата што МЗ секојдневно ја вергла преку медиумите, како расипана грамофонска плоча. Изгледа како да немаат пристап до најновите информации (или пак воопшто ништо не читаат) дека ефективноста на вакцините против заразување, која е предуслов за постигнување колективен имунитет, со текот на времето опаѓа. Моментално истата изнесува одвај околу 20%, односно ни теоретски, ни практично, само со вакцинација не може да се постигне колективен имунитет. Што се однесува до мутациите, штом некој може да се зарази и да го реплицира вирусот, можни се и мутации, па отпаѓа и вториот дел од тврдењето. Вакцините се, пред сé, средство за заштита од тешка форма на болеста (време е да ја сменат плочата). Исто така, добри се како прајмер, подготовка на организмот за вистинско заразување, коешто ќе обезбеди подолготраен хибриден имунитет („суперимунитет“). Само суперимунитетот може евентуално да доведе до долготраен колективен имунитет. Во тек се истражувања на дејството на третите дози на вакцините, бидејќи постојат наговестувања дека создаваат долготраен имунитет, слично како хибридниот, од вакцинација и прележување. Во секој случај, вакцините се корисни и препорачани, но објаснувањето на нашето МЗ околу колективниот имунитет не е базирано на факти. Во меѓувреме, единствениот проверен и докажан начин за спречување на ширењето на заразата е кинескиот: доследна примена на превентивните и рестриктивните мерки, 21-дневен карантин без исклучок за сите патници кои пристигнуваат од странство и масовно тестирање и изолирање на заразените и нивните контакти, пишува професорот Трајковски во постот.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




