„Самоопределување“ на Курти вечерва отвора канцеларија во Скопје
Објавено во: Македонија 25 Јануари, 2025
Движењето Самоопределување на косовскиот премиер Албин Курти, чии поддржувачи се дел од коалицијата во новата власт, вечерва на свечесност официјално ќе отвори канцеларија во Старата скопска чаршија.
Според најавата, тоа е „важен чекор за зајакнување на присуството на ова движење во Македонија и го покажува растот на поддршката на партијата и во овој регион, каде што има значителен број симпатизери и активисти“.
Партијата на Курти преку нејзини членови е дел од власта во Македонија, со што е редок случај на партиско учество на странска партија во власт на една суверена држава. Членови на Самоопределување, преку албанските партии, се директори и оддруги раководни лица во владата на ВМРО ДПМНЕ и ВЛЕН.