17 Декември, 2025
0.2611

Самовработување со кредитирање: Проектот е во тек, надлежните задоволни

Објавено во: Економија 16 Јуни, 2013 20:28

Добивај вести на Viber

Со цел да покажат колку е добар проектот самовработување со кредитирање, новиот министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и Директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски, го посетија „Арт Балет“, училиште за класичен балет кое беше претставено како пример за успешен бизнис релизиран преку владиниот проект. Притоа Спасов уште еднаш апелираше до младите невработени луѓе да го следат овој успешен пример и да аплицираат за развој на сопствен бизнис. „Над 90 отсто од фирмите кои се отвориле од почетокот на програмата самовработување со кредитирање продолжиле успешно да работат, а исто така и над 90 отсто од вработените продолжиле да бидат вработени. Ова е уште еден мотив да се искористат можностите кои ги нуди оваа програма, да аплицираат и да ја реализираат својата идеја“, потенцираше Спасов. На апелот се придружи и директорот Поповски кој исто така ги повика младите со идеја,  во наредните две недели да аплицираат и да ги искористат поволностите што ги нуди оваа мерка. Тој појасни дека од Агенцијата ќе им помогнат доколку не им е јасно како се прави бизнис-план, а имаат добра идеја. „На веб страницата на АВРМ е ставен примерок за пополнет бизнис-план и упатство како да го пополнат“, рече Поповски кои информираше дека околу три илјади бизниси кои ги финансирале сеуште опстојуваат, а пропаднале само околу 10 отсто од бизнисите. Инаку за кредитите за самовработување со кредитирање, како што веќе најави Фактор, аплицирањето е во тек и ќе трае и во текот на идната седмица. На огласот може да конкурираат невработени кои се евидентирани во Агенцијата за вработување најмалку една година и невработени најмалку шест месеци кои спаѓаат во групата на млади лица до 27 години или пак повозрасни лица над 55 години, како и лица кои примаат паричен надомест по основ на невработеност. Секое новоотворено работно место за бизниси од помал обем ќе биде финансирано со три илјади евра, а максималната бројка на луѓе кои може да се здружат за да аплицираат е три лица што значи дека вкупниот обем би бил девет илјади евра. Рокот за поврат е три години со грејс период од една година и каматна стапка од еден процент.

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје