Samsung Galaxy Flip 6 - Сврти на вештачка интелигенција

Објавено во: Мои пари 18 Септември, 2024 13:09
Уредот на преклоп сигурно го забележавте за време на Олимписките игри во Париз, каде медалистите токму со Samsung Galaxy Flip6 ги овековечија славните моменти на подиумот.
Сега Samsung Galaxy Flip6 е достапен во продажба и може одблиску да се разгледаат неговите потенцијали. Сигурно прва помисла ви е дали механизмот на преклоп функционира и дали смартфонот е компактен.
Од нашиот досегашен тест може да потенцираме дека Samsung Galaxy Flip 6 е можеби најкомпактниот телефон на преклоп. Кога е расклопен цврстата метална рамка и мазниот финиш на маската му дава впечатлив изглед, стабилност и цврстина.
Кога Samsung Galaxy Flip 6 е склопен делува многу компактно, лесно може да го сместите во џеб, ташна или ранец, а надворешниот дисплеј е доволно голем и прегледен за приказ на главните нотификации. Истовремено може да поставите кратенки до најважните апликации и да работите со него и додека е склопен.
Главниот екран воопшто не се разликува од повеќето модели, средишниот дел кој е флексибилен и каде се преклопува уредот нема никакви видливи згрутчувања, делува мазно и хомогено низ целата површина, што е многу важно за непречено гледање видеа, стори на социјални мрежи и прегледност при допишување или работа со документи.
Samsung Galaxy Flip 6 покрај компактноста може да се пофали и со врвна камера која кај ваков вид на модели најчесто е занемарена за сметка на дизајнот. Тоа не е случај со Samsung Galaxy Flip6 кој поседува главна камера од 50 мегапиксели со две леќи и селфи камера од 10 мегапиксели со висок квалитет.
Во компактното тело е сместена батерија со капацитет од 4000 mAh која се полни доста брзо и обезбедува стабилна работа со оглед на тоа што во употреба се два екрани.
Главни адути на Samsung Galaxy Flip6 се софтверските алатки помогнати со вештачката интелигенција на Galaxy AI со кои може да ги средувате вашите фотки, директно да преведувате разговори, автоматски генерирани пораки за одговор на чат без да губите време или кога сте во гужва и уште многу други кои ќе ви биде забавно да ги откривате и прилагодите според вашите потреби.
Х.С.Можеби ќе ве интересира
„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ЈА ПРОДОЛЖУВА ТРАДИЦИЈАТА: 200 БЕСПЛАТНИ ПРЕГЛЕДИ НА БЕНКИ ПО ПОВОД МЕСЕЦОТ НА МЕЛАНОМОТ

ЕЛЕНА ЛУКА со својот гламур и раскош повторно го освои Виенскиот бал

ИГОР СТЕФАНОВСКИ ИЏЕ ПАК НА ПИЕДЕСТАЛ, ТРЕТО МЕСТО НА РАМПА ДА ФАЛПЕРА

Проф. д-р Крлиу: Нашата заложба е да создадеме граѓани на светот – тоа се гледа во секој наш студент

„Макпетрол“и„Телма“ во соработка со Сашко Коцев почнуваат нова забавна детска емисија

Ивановски и Поп Арсова – победници на 9.издание на HalkEco Скопје Трча 10 км

Моја Кравица – верен сојузник на детската трка „Охрид трчаТ“ и детската енергија

„Арс Ламина“ освои седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книгата 2025
