29 Март, 2024
0.0266

Samsung го претставува најновиот член на Galaxy A фамилијата – моделот A31

Објавено во: Мои пари 01 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Компанијата Samsung Electronics Co., Ltd.денес го претстави Galaxy A31, смарт телефон кој доаѓа со мултифункционална четворострука камера, врвен дизајн со Infinity-U дисплеј, моќна батерија од 5,000 mAh која ќе трае цел ден и нови, подобрени можности.

Гледајте сѐ на големиот, врвен екран

Корисниците пред себе имаат голем Infinity-U дисплеј дури од 6.4 инчи. Содржината се прикажува од раб до раб, така што можат да ги гледаат омилените видео снимки, да играат игри или да прикажуваат содржина во одличен FHD+ Super AMOLED квалитет. Екранот е сместен во тенко куќиште од 8.6 mm кое идеално лежи на раката на корисникот.

Снимајте повеќе со одличната камера

Одличната главна камера од 48MP имовозможува на корисниците да фотографираат и снимаат видео содржини со врвна резолуција. Широкоаголната камера од 8MP, со агол за снимање од 123 степени им дозволува на корисниците да снимаат кадри пошироки од било кога претходно, макро камерата од 5MP прави сјајни зголемени слики, додека сензорот за длабочина од 5MP овозможува Live Focus снимки.

Батерија која трае

Кога се надвор, на корисниците им е потребен телефон кој ќе работи во текот на целиот ден. Батеријата од 5,000 mAh им дава можност да гледаат или да споделуваат содржина и да играат игри колку и да сакаат. Доколку батеријата е при крај, со брзото полнење од 15W за 30 минути ќе биде спремна за целодневно користење.

Поголем простор за игри

Galaxy A31 доаѓа со напреден Octa-core процесор, 4GB RAM и AI Game Booster технологија. Исто така, има 64 GB внатрешна меморија која може да се прошири до  512GB.

Највисоко ниво на безбедност

Во овој модел е вградена Samsung Knox технологија која го штити телефонот. Скенерот за отпечатоци за прст дава високо ниво на биометриска автентикација, така да само корисникот може да го отклучи со допир.

Наградувана серија

Samsung од страна на познатата Асоцијација за дизајн и уметност (D&AD) е наградуван со признание за креативност и претставување на најновите Galaxy A паметни телефони, преку глобалната компанија „AWESOME is for Everyone“и#danceAwesomeпредизвикот. Во партнерство со К-поп групата BLACKPINK и социјалната мрежа TikTok, предизвикот произведе позитивна реакција кај младите ширум светот, генерирајќи 4,7 милиони видео клипови, додека се остварени повеќе од 20,2 милијарди прегледи на TikTok.

Цена и достапност на моделот A31

Galaxy A31 на нашиот пазар ќе биде достапен во црна и сина боја од август.

Спецификации

Galaxy A31

Дисплеј[1]

6.4-инченFHD+ (1080X2400)

SUPER AMOLED

Infinity-U Display

Камера

[Задна камера]

Широка: 48 MP (F2.0)

Ултраширока: 8 MP (F2.2)

Сензор за длабочина: 5 MP (F2.4)

Макро: 5 MP (F2.4)

[Предна]

20MP, F2.2

Куќиште

159.3 x 73.1 x 8.6 mm

Процесор

Octa-core

Mediatek MTK6768

(Dual 2.0GHz + Hexa 1.7GHz)

Меморија[2]

RAM: 4GB

ROM: 64GB

microSD до512 GB

Батерија[3]

5000mAh

15W брзо полнење

Биометрискаавтентификација

Скенер за отисок од прст на екранот

Препознавање на лице

Бои[4]

Prism Crush Black

Prism Crush Blue

#####

За компанијата Samsung Electronics Co., Ltd.

Со своите идеи и технологија Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината. Компанијата поставува стандарди во областа на ТВ апаратите, паметните телефони, носечките уреди, таблети и дигитални куќни апарати, мрежни и LSI системи, меморија и LED технологија. За повеќе информации и вести, посетете ја news.samsung.com.



[1]Екранот е мерен дијагонално како полн триаголник, без сметање на заоблените агли. Видливиот дел на екранот е нешто помал поради заоблените агли и празнините за камерата.

[2] Достапната RAM меморија може да варира во зависност од земјата и регионот.

[3] Стандардна вредност на тестирањата во лабораториски услови.

[4] Достапноста може да варира во зависност од земјата.

Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија