29 Март, 2024
0.0254

Samsung со ново еколошко пакување за своите телевизори

Објавено во: Мои пари 07 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Куќичка за миленичето или полица за списанијата од кутијата за телевизор

Компанијата Samsung Electronics Co., Ltd. најави претставување на eco-friendly пакување за својата линија на ТВ уреди, со цел да допринесе во зачувувањето на животната средина.

Новото пакување од брановиден еколошки картон, во кој ќе се пронајдат моделите The Serif, The Frame и The Sero, на корисниците ќе им го олесни рециклирањето, но ќе им овозможи и шанса повторно да го употребат - и тоа за креативни цели. На двете страни од кутијата применет е точкаст дизајн, со цел на корисниците да им биде полесно да го исечат и да го прилагодат на своите потреби. Во пакувањето се наоѓа и QR код, преку кој може да се пристапи до упатство за подготовка на посакуваниот облик, како на пример куќичка за миленичето, држач за списанијата или полици на кои ќе стои далечинскиот управувач или модемот.

„Корисниците секогаш ќе претпочитаат повеќе да се поврзат со производ од бренд со кој делат заеднички вредности. Со ова пакување, на своите корисници, кои водат сметка за животната средина, ќе им овозможиме потполно ново искуство“, изјави Kangwook Chun, извршен потпретседател и раководител на тимот за стратегијата на производи на бизнис одделението за визуелни дисплеи во компанијата Samsung Electronics.

Во рамките на претставувањето на новото пакување, Samsung и британскиот lifestyleмагазин, Dezeen, на 6. април претставија и започнаа глобален натпревар во дизајн. Двете компании на креаторот на најуникатното и најпрактичното решение, направено од кутиите за телевизори, ќе го наградат со 20.000 американски долари, по кое, низ упатство, на корисниците на Samsung телевизори ќе им се овозможи овој дизајн да можат да го применат и во својот дом. Пријавите се отворени до 29. мај за сите заинтересирани кои се постари од 18 години.


За повеќе информации за натпреварот, посетете ја веб страницата на магазинот Dezeen на https://www.dezeen.com/samsung-out-of-the-box-competition-brief/или на Instagram профилот на Samsung TV (@samsungtv).

#####

За компанијата Samsung Electronics Co., Ltd.

Со своите идеи и технологии Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината. Компанијата поставува стандарди во областа на ТВ уредите, смарт-телефоните, носечките уреди, таблетите и дигиталните куќни апарати, мрежните и LSI системи, меморијата и LED технологијата. За дополнителни информации и вести, посетете ја Samsung Newsroom наhttp://news.samsung.com.


Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија