Добивај вести на Viber
Самсунг планира да влезе и на пазарот на автомобили со патент за нов електричен мотор, гуми за електрично возило, патенти за контрола на безбедноста од аспект на здравствената состојба на возачот. Ова е планот на засега еден од најголемите производители на телевизори и паметни телефони.
Јужнокорејската компанијата веќе поднела барање за нејзините патентите да бидат признаени во САД и Јужна Кореја. Како што пишува ВолСтрит журнал, од Самсунг исто така побарале одобрување на уште еден патент кој го пропишува начинот на комуникација меѓу возачот и замислениот електричен автомобил на компанијата.
Според овој изум, возилото треба да си го препознава возачот благодарение на неговиот паметен телефон. На тој начин, објаснуваат од Самсунг, ќе се создаде врска меѓу телефонот и возилото, електричното возило ќе го познава дневниот распоред на обврски на сопственикот па ќе да предлага рути на патување за возачот побрзо да стигне на состанот, а ќе предупредува и дека батеријата треба да се полни.
Самсунг сега чека признавање на патентите, а според најавите дури потоа ќе се работи на комерцијализација на моделот.