29 Јуни, 2024
0.0265

Сарачини очекува реформите во рударството да донесат инвестиции

Објавено во: Економија 01 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

Министерството за економија преку електронско наддавање додели 26 локации за детални геолошки истражувања  и за експлоатација на минерални суровини. Вкупниот приход, што инвеститорите треба да го уплатат во рок од 30 дена е 35 милиони денари, од кои 27 милиони денари се за општините. Министерот за економија Ваљон Сарачини,  рече дека со доделување на 26 локации, во наредните пет години се очекува да бидат инвестирани 700 милиони денари, но и да се отворат околу 150 нови работни места, имајќи предвид дека за една концесија се отвораат четири нови работни места. - Согласно измените на Законот за минерални суровини, кој е во собраниска процедура, со проспекциските геолошки истражувања, се дава можност да се доделат големи простори до 5.000 м2, кои концесионерите може да ги истражуваат на начин на кој ќе се добијат проспекциски сознанија за постоење резерви на конкретна на минерална суровини на тие простори, посочи Сарачини. Како најатрактивни, ги вброи локациите за истражување на металични минерални суровини, злато, сребро и бакар, но исто така  и локации за истражување и експлоатација на неметалични минерални суровини, како и за украсен камен (како што се за гранит, мермер и др). Според него, овие истражувања се особено применливи доколку се сака да се добијат податоци за присуство на нафта и други видови на енергетски и минерални суровини, но исто така се доста значајни и за истражување на металични минерални суровини. - По завршување на проспекциските истражувања, концесионерот има право да поднесе барање за доделување концесии за детални геолошки истражувања за најмногу до 2,5 отсто од доделената површина за проспекциски истражувања. Министерството за економија останува и натаму фокусирано на секторот минерални суровини. И  во 2014 година, со спроведување на реформите во секторот рударство, се очекува да дојде до подобрување на целокупната економска ситуација на Македонија, што значи отворање нови работни места и нови производни капацитети, рече Сарачини. Концесионерите на прес-конференцијата ја поздравија иницијативата и поддршката што ја добиваат од Министерството за економија, особено измената на Законот за минерални суровини која се однесува на електронската акуција, бидејќи доделувањето на концесиите за детални геолошки истражувања и експлоатација на минерални суровини прв пат се врши на еден  најтранспарентен начин односно преку наддавање.

Можеби ќе ве интересира

Поскапе само едено гориво: Од полноќ стапија на сила новите цени

Поскапе само едено гориво: Од полноќ стапија на сила новите цени

Пет од нив поделија 1,94 милиони евра во плати и награди: Дали се ова најдобро платените банкари во Македонија?

Пет од нив поделија 1,94 милиони евра во плати и награди: Дали се ова најдобро платените банкари во Македонија?

НАЈНОВИ ПОДАТОЦИ: Koлку изнесува нето надворешниот долг на Македонија?

НАЈНОВИ ПОДАТОЦИ: Koлку изнесува нето надворешниот долг на Македонија?

OДЛУКИ НА ВЛАДА: Повисоки пензии, укинат факултетот за здравствени науки во Струга, нови именувања

OДЛУКИ НА ВЛАДА: Повисоки пензии, укинат факултетот за здравствени науки во Струга, нови именувања

ВАЛУТИ: Доларот e на највисоко ниво во 40 години во однос на јенот

ВАЛУТИ: Доларот e на највисоко ниво во 40 години во однос на јенот

Водовод Куманово: Мораме да купуваме струја со висока маржа затоа што нема понуди на тендерите

Водовод Куманово: Мораме да купуваме струја со висока маржа затоа што нема понуди на тендерите

ПРОЕКТОТ МОЈ ДДВ ОСТАНУВА: Граѓаните ќе го земаат истиот износ и во иднина

ПРОЕКТОТ МОЈ ДДВ ОСТАНУВА: Граѓаните ќе го земаат истиот износ и во иднина

Пеева Лауренчиќ: Спотовите на Киро Глигоров ги снимавме на филмска лента, први ПР клиенти беа „Мобимак“ и „Пивара Скопје“

Пеева Лауренчиќ: Спотовите на Киро Глигоров ги снимавме на филмска лента, први ПР клиенти беа „Мобимак“ и „Пивара Скопје“

ДВЕ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ПАДНАА НА ЕКОНОМСКИТЕ ТЕСТОВИ НА ЕУ: Тие се уште не се подготвени за влез во еврозоната, едната од нив е наш сосед

ДВЕ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ПАДНАА НА ЕКОНОМСКИТЕ ТЕСТОВИ НА ЕУ: Тие се уште не се подготвени за влез во еврозоната, едната од нив е наш сосед