Добивај вести на Viber
Голем број студенти денеска излегоа на протести во Сараево за да го изразат револтот од зголемувањето на школарините, а побараа и промени во државата и во раководствата на факултетите. Студентите исто така ги поддржаа и протестите кои ескалираа минатата седмица поради недонесувањето на регулативата за давање единствениот матичен број за новороденчињата.
Како главна причина за денешните протести се најавите за поскапување на школарините на факултетите во Сараево, а поддршка добија и од министерот за образование, Дамир Марјановиќ.
Во меѓувреме продолжуваат протестите во Босна и Херцеговина поради немањето закон за матичен број на граѓаните, а тие ескалираа откако едно новороденче токму поради немањето матичен број немможеше да добие пасош за лекување во странство.