17 Декември, 2025
0.0574

Сараќини ќе оди во Русија на форумот во Санкт Петерсбург!

Објавено во: Економија 20 Јуни, 2013 09:22

Добивај вести на Viber

Министерот за економија Ваљон Сараќини, во четврток ќе присуствува на Меѓународниот Eкономски Форум кој се одржува во Санкт Петербург, Русија, јави Макфакс. Економскиот форум во Санкт Петербург ги собира клучните претставници на меѓународната бизнис заедница, политичката и економската елита на светот. Главна тема на форумот оваа година ќе биде Глобалниот економскиот пораст. За да економскиот развој на меѓународната економија е стабилен, учесниците на форумот мора да бараат избалансиран приод на мерките за решавање на должничките проблеми и стимулирање на порастот, коментира за Гласот на Русија, директорот на Економскиот институ „РАН“ Руслан Гринберг. Помеѓу останатото форумот во Санкт Петерсбург не е само повод за разговори за глобализацијата, туку и да се приближат ставовите за главните економски проблеми. Минатата година на форумот беа потпишани повеќе од 80 бизнис зделки во вредност од преку 10 милијарди долари. Министерот Сараќини во рамките на форумот ќе оствари поединечни средби со инвеститори кои престојуваат на форумот, како и со колеги министри од повеќе земји.

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје