28 Март, 2024
0.0272

Сашко Потер Мицевски: На Штип му треба кино, а градот да излезе од канџите на турбофолкот

Објавено во: Македонија, Интервјуа 06 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Штипјани заслужуваат модерна кино сала. Голем број на помлади генерации од најголемиот град во источна Македонија немале можност да уживаат во филмските хитови на големото платно. Токму затоа иницијативата која ја покрена филмаџијата Сашко Потер Мицевски преку ноќ стана вирален хит со бројна поддршка од граѓаните. Токму за него разговаравме за артивистичките акции за решавање на општествени проблеми, но воопшто за состојбите во уметноста, особено сега во време на корона криза кога е наметнат целосен застој и нема никакви манифестации, фестивали, претстави или филмски прикажувања. Мицевски вели дека гледањето на омилените филмови во кино како дете го натерале да се занимава со филмска уметност. Тој е дипломиран филмски и ТВ монтажер на ФДУ Скопје и магистер за уметности на National Film and Television school во Англија. Монтажер на ТВ серијата ПРЕСПАВ, дизајнер на звук на преку 50 кратки филмови. Има работено на неколку холивудски блокбастери како асистент на звук (Fantastic Beasts: The Crimes of Grindelwald, Mowgli, Sherlock Gnomes) и е режисер на краткиот документарен филм за штипјанецот Мики Ли, (Вон)земјанинот Ли. Поразговаравме и за тоа дали конечно ќе дојде доодделување на политиката од културата како и за одговорот на уметниците во време на криза.

Колку штипјани сакаат ново кино? Кампањата која ја започнавте со атрактивното видео потсети многумина на нивните омилени филсмки моменти кои засега немаат каде ги погледнат на големото платно во Штип, во нивниот град. Колку е важна оваа иницијатива за граѓаните?

Мицевски: Штипјани сонуваат за кино уште од моментот кога се затвори киното, во 2005 година. Додека бев јас дете Штип имаше прекрасна кино сала, со два влеза, со црвени кожени столици, каде што се прикажуваа најновите и најбитни филмски достигнувања. Тоа кино беше нашиот поглед кон светот, тоа беше се уште време пред подемот на интернетот. Другото кино беше летно кино во Штипскиот парк Сутлак, за кое за жал јас лично немам огромни сеќавања. За жал киното беше приватизирано и набргу затворено па така градот кој некогаш беше центар на култура во источна Македонија остана без своја кино сала. Низ годините постоеа разни ветувања за негово реактивирање од разни политички гарнитури но, за жал тоа не се оствари. Штип располага со една едвај функционална сала за проекции во стариот пионерски дом, сегашен Универзитет „Гоце Делчев“, меѓутоа таа сала е под сите технички стандарди за да ја задоволат денешната публика. Во 2015 или 2016 година мислам беше изграден нов мулти-медијален центар којшто има сала наменета за проекции. Јас имав чест да ја погледнам салата тогаш и бев разочаран од тоа што го видов, архитектонски тоа воопшто не наликува на кино сала, влезот е до белиот ѕид што во нечија идеја треба да биде ѕид за проектирање на кој има закачено звучници, без никаков акустичен третман и лоши неудобни столици. Навидум единствено нешто што недостигаше беше проектор, меѓутоа и таа сала која е веќе неколку години нефункционална е далеку од сонот - кино. Кино во Штип е неопходно. Младите се приморани да одат на кино проекции во Св. Николе, Скопје и Кавадарци, што е жално. За жал образовниот систем ни потфрлува, градот културолошки пропаѓа пошто е во канџите на турбофолк системот и за жал младите немаат од каде да научат за покомплексни емоции и за ДОБРО и ЗЛО. Така се роди кампањата #ШтипСакаКино за да се отвори јавна дискусија како да се реши овој проблем.

Дали се соочувате со притисоци по преземената акција, има ли негативни коментари и обиди за политизирање на повикот #ШтипСакаКино?

Мицевски:По споделување на видеото “Дека е КИНОТО у Штип?” Наидов на цунами од позитивни коментари и подршка од јавноста. На мое огромно задоволство во кампањата се приклучија и познатите штипски глумици - Јелена Јованова, Наташа Петровиќ, Сања Арсовска, каратистот Емил Павлов, филмаџиите Тања Рибарска и Сандра Ѓоргиева. Коментарите беа позитивни од сите страни. Градоначалникот и ТВ Стар своеволно изреагираа на ова и излегоа со изјава дека ќе се доуредувал мултимедијалниот центар, дека наводно ова било во некој план на реализација на општината. Секако дека има обиди да се политизира ова, партиски фан пејџови на Фејсбук го симнуваа видеото и го споделуваа упатувајќи агресија према опонентите меѓутоа вешто успеав да отстранам секакви политички влијанија врз кампањата. Кампањата е аполитична, за доброто на сите нас! И ќе остане таква.

Се почесто за општествени проблеми се покренуваат „артивистички“ акции. Kако дојдовте до идејата преку видео монтажа да побарате да се отвори соодветно и модерно кино во Штип и колку ваквите акции може да бидат успешни?

Мицевски:Идејата се роди сосема спонтано. Јас сум филмаџија, се бавам со филм, од тоа живеам. Периодот сум многу заинтересиран во експериментална филмска и видео форма, видео есеи, употреба на архиви и слично. Неодамна имав едно интересно видео “Дека се ластовичките?” што беше пародичен одговор на еден параноичен прилог на ТВ Стар што ја потхрануваше непотребната 5G фобија кај необразовани штипјани. Сметам дека вакви акции се неопходни, го преиспитуваат системот, и ја охрабруваат надежта на народот за подобар свет.

Велите дека и самите се занимавате со филмска уметност токму поради моментите поминати во кино салите. Кои филмови најмногу ве имаат инспирирано?

Мицевски:Едни од најраните филмови кои ги паметам гледани во кино се “101 Далматинец”, “Тарзан”, “Аustin Powers in Goldmember”, “Lord of the Rings the Return of the King”, “Hollow man” и “Harry Potter and the Philopher’s Stone” што најмногу ме воодушеви и е една од причините заради кои се бавам со филм денес! Тој филм ми помогна да го оформам и дополнам мојот идентитет, да ги преиспитам своите желби и ми ја потврди мислата дека кино е мојот дом! Денес сум голем љубител на филмовите Stranger Than Fiction, Pan’s Labyrinth, Lawrence of Arabia, Memento. Гледам доста серии: Fleabag, Blackadder, Game of Thrones, Sherlock ми се се уште на врвот.

Работниците од културата, уметниците и филмаџиите се меѓу најпогодените во кризата со корона вирусот поради целосниот прекин на претстави, проекции и културни манифестации. Што им потребно сега на работниците од културата, се слушаат ли вашите барања?

Мицевски:Мислам дека за време на кризава Министерство за култура нуди некои мерки кои ќе го ублажат финансискиот шок за независните филмаџии. Друштво на филмски работници неуморно работи уште од самиот почеток за да се добие соодветна поддршка за луѓето што се бават и живеат од филм, Агенција за филм експресно исплати предвремено доста проекти кои беа во завршна фаза со цел да помогне да се стабилизираат многу фриленсери. Така да има доста позитивни мерки околу ова. За жал во другите уметности има доста луѓе што се повеќе погодени од кризава, има едно брдо глумци што се невработени на пример и не добиваат никаква подршка! Ниту се здравствено осигурани, ниту имаат некакви хонорари во ова лошо време. Една од продукциите со кои соработувам понуди еднократна неповратна помош на оние кои се загрозени за време на кризава, што е за огромна почит!

Од друга страна дали токму овој застој во уметноста е добар момент за преипитување на политиките во културата, како на локално така и на државно ниво со оглед на бројните критики во претходниот период, може ли по кризата македонската култура да се развие преку соодветна поддршка на уметноста, вклучувајќи ја и филмската уметност, кој ќе биде одговорот на вас како уметници?

Мицевски:Мислам дека после кризава е евидентно дека уметноста е неопходна и бара повеќе внимание. Луѓево дур се заклучени го хранат нивниот дух со еден тон филмови, серии, музика, книги, радио драми. Се надевам дека културата ќе добие значително поголема поддршка од буџетот на државата, бидејќи е суштински дел од секојдневието на народот и го краси идентитетот на оваа залутана нација, и се надевам дека политиката еднаш за секогаш ќе биде одлепена од културата, што во моментот звучи невозможно. На Штип му посакувам да му се врати богатата културна сцена! Макфест пак да биде добар фестивал на поп музика, Дом на млади пак да биде дом на независна музичка сцена а не место а концерти на Цеца, Аца Лукас и други турбофолк ѕвезди и конечно Штип да добие кино!

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити

ПОМАЛКУ ДОКТОРИ И МАГИСТИРИ НА НАУКА, НО И СПЕЦИЈАЛИСТИ – опаѓа интересот за доусовршување, трендот не е нов

ПОМАЛКУ ДОКТОРИ И МАГИСТИРИ НА НАУКА, НО И СПЕЦИЈАЛИСТИ – опаѓа интересот за доусовршување, трендот не е нов

МОТИВИТЕ ЗА УБИСТВОТО НЕ СЕ ПОВРЗАНИ СО НЕГОВАТА ПРОФЕСИЈА - приведени се двајца за убиството на матичниот доктор во Железара

МОТИВИТЕ ЗА УБИСТВОТО НЕ СЕ ПОВРЗАНИ СО НЕГОВАТА ПРОФЕСИЈА - приведени се двајца за убиството на матичниот доктор во Железара

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ПРОЛЕТТВА - Славчо Попоски со прогноза за следниве месеци

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ПРОЛЕТТВА - Славчо Попоски со прогноза за следниве месеци

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите се подготвуваат за изборите, Тошковски загрижен за изборниот процес во ИЕ 6

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите се подготвуваат за изборите, Тошковски загрижен за изборниот процес во ИЕ 6

КУМАНОВЕЦ „ОЛЕСНЕТ“ ЗА 800 ЕВРА: Му дале бижутерија лажејќи го дека е дијамант

КУМАНОВЕЦ „ОЛЕСНЕТ“ ЗА 800 ЕВРА: Му дале бижутерија лажејќи го дека е дијамант