САУДИЈЦИТЕ ГИ ПРОБИЈА СИТЕ ГРАНИЦИ - Надал за крај на кариерата го доби најскапиот подарок досега
Објавено во: Свет 20 Октомври, 2024
На тенискиот егзибициски турнир „Six Kings Slam“, Рафаел Надал и официјално стави крај на својата импресивна кариера, а подарокот што го доби од организаторите е приказна сама за себе.
Во посебен момент, по поразот од Новак Ѓоковиќ на нивниот последен меѓусебен натпревар, Надал доби златен рекет од организаторот Турки Ал Шеик. Турки ал Шеик
Надал заедно со уште пет тениски великани учествуваше на оваа престижна манифестација, а покрај почетната награда од милион и пол долари за учество, му беше врачена и највредната награда во кариерата. Златниот рекет кој е со големина на вистински рекет беше претставен на теренот во момент кој ги изненади сите присутни.
Овој луксузен подарок Надал го доби откако загуби од Ѓоковиќ кој во борбата за третото место го победи со 6:2, 7:6.
Турнирот Six Kings Slem, иако егзибициски, беше цел на критики бидејќи наградите ги надминаа оние на редовните турнири, вклучувајќи ги и најголемите во сезоната. Саудијците сепак се погрижија збогувањето на Надал со тенисот да биде посебно, симболизирајќи ја неговата голема кариера на уникатен начин.
На победникот на турнирот, Јаник Синер, му беа доделени шест милиони долари плус котизација од еден и пол милион долари.
Тпортал
Фото: ЕПА
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.