16 Мај, 2024
0.0259

САУДИЈЦИТЕ СЕ ЗАКАНИЈА НА ВЛИЈАТЕЛНА ЗЕМЈА: Се мешате таму каде што не ви е место

Објавено во: Свет 07 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Група од Саудиска Арабија објави фотографија на социјалната мрежа „Твитер“ на која се гледа авион на компанијата „Ер Канада“ кој лета над градот Торонто, но има и закана. 

На фотографијата што е објавена од групата „Инфографик КСА”, е издадено предупредување до канадската Влада, објави РТ.

Постот, кој во моменов е отстранет од нивниот профил, е објавен за време на дипломатскиот спор меѓу Канада и Саудиска Арабија поради критиките на сметка на ситуацијата со човековите права во арапското кралство.

Заедно со сликата може да се забележат и коментари како на пример: „Се мешате таму каде што не ви е место“, „Секој што се меша во работите на другите може да го стигне она што не го сака“.


Постот не прецизира што нема да биде по волја на Канаѓаните, но голем дел од твитерџиите целата ситуација си ја поврзуваат со киднапирањето на авионите, кои на 11 септември 2001 година удрија во кулите близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк.

По постот излегоа и коментари на голем број твитерџии кои ситуацијата ја оценија како опасна. 

Групата „Инфографик КСА” се опишува себеси како проект што „ги спојува младите Саудијци кои се заинтересирани за технологија и социјални медиуми”.

Тие се најчесто присутни на „Твитер“, „Инстаграм“ и „Телеграм“.

Можеби ќе ве интересира

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“