Сава пензиско друштво е европски победник во категоријата на управувачи со средства до 1 милијарда евра
Објавено во: Мои пари 07 Декември, 2023 13:52
На овогодинешното доделување на престижните IPE (Investment & Pensions Europe) награди, кое се одржа во Виена, Австрија, Сава пензиско друштво е прогласено за победник во категоријата „Small pension fund“ (Мал пензиски фонд) која се однесува на управувачи со средства до 1 милијарда евра под управување.
„Јасниот фокус во комуникацијата со членовите, користењето на модерна технологија и привлечната содржина“ се главните аспекти според кои жири комисијата ја додели оваа награда на Сава пензиско друштво, препознавајќи ги предностите на нивното работење преку:
- вложувањата во професионален развој на вработените и подобрување на процесот на инвестирање;
- едукативен блог портал со содржини обезбедени од вработените; и
- мобилна апликација која им овозможува на членовите да ги ажурираат личните податоци.
Друштвото исто така влезе во најтесниот избор во категоријата „Equities“ (Акции) на ниво на Европа.
„Посветеноста и експертизата на тимот добри луѓе кои работат одговорно и посветено и овој пат донесе огромен успех – победа на европско ниво. Ова признание нè охрабрува и обврзува и понатаму да продолжиме со успешно работење во интерес на членовите и пензионираните членови на фондовите со коишто управуваме“.
IPE (Investment & Pensions Europe) веќе 23 години ја наградуваат извонредноста, разновидноста и иновативноста во работењето на пензиските фондови на европскиот континент. Самиот настан претставува најголем годишен собир на пензиските друштва и компаниите за управување со средства во Европа.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка
ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА
КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“
Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници
Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!
Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?




