18 Декември, 2025
0.1539

Савески за Фактор: Наивно е да мислиме дека Боки13 е мозок на „Рекет“

Објавено во: Македонија 14 Август, 2019 08:39

Добивај вести на Viber

Премногу наивно е да мислиме дека Бојан Јовановски е мозокот на операцијата „Рекет“, коментира за Фактор докторот по политички науки Здравко Савески.

Тој обраќањето преку радио на новинарот Ларис Гајсер го толкува како политичка оценка и изнесен став околу случајот за кој се објавени и „бомби“.

Савески, вели, со соработникот на италијанскиот медиум „Ла Верита“ се согласува за две работи.

„Гајсер изрази свое мислење, кое може да се покаже како точно. Ние во овој момент не можеме да знаеме со какви дополнителни снимки располага тој и какви инкриминирачки работи тие содржат. Во секој случај, ќе се согласам со него околу две работи. Прво, дека Македонија е земја со ограничен суверенитет. Тоа е проблем кој и досега постоеше, но очигледно доста се влоши по доаѓањето на Заев на власт. И, бидејќи други одлучуваат за крупните одлуки во Македонија, можно е тие центри на моќ да решат да го пуштат Заев низ вода. Дополнително иритантно за нив може да биде тоа што неодамна се дозна дека Заев споделуваше телефонски броеви на американски политичари, нешто што е недозволиво однесување за вазалите. При тоа, треба да се има предвид дека она што за нас е важно не е исто важно за тие центри на моќ и обратно.

Втората работа околу која ќе се согласам со Гајсер е дека она што досега го следевме се неважни луѓе кои изнесуваат пари во куфери. Премногу наивно е да се мисли дека мозокот на оваа операција е Боки 13, дека тој делувал самостојно и дека можел да изнудува пари, злоупотребувајќи ја обвинителката Јанева и лажно тврдејќи дека е во дослух со премиерот Заев“, вели Савески .

Тој пораката на Гајсер ја сфаќа како политичка оценка, срамен скандал по кој треба да следи оставка на премиерот.

„Новинарот си кажа сопствено мислење. И тоа мислење соодветствува на она што се бара од политичарите во една демократска земја. Самото сомневање во јавноста дека е можно еден функционер да е вмешан во еден ваков срамен скандал, за него треба да биде мотив да си поднесе оставка за да не им врши притисок на судските власти поради своето вршење на одговорна функција. Нормално, ако при тоа себеси не се смета за незаменлив или, не дај боже, за испратен од Бога да ја спасува земјата и народот“, додава Савески.

Савески кој во јавноста беше познат и како граѓански активист, стои на ставот кое го имал и во врска со „бомбите“ на Заев. Тој не гледа проблем во тоа што странец објавува видео содржини за случај во земјава.

-Јас не можам да знам од каде му се снимките на Гајсер.  Имено, дека секундарно прашање е од каде се набавени снимките и дека важната работа е што тие кажуваат. Што се однесува до тоа дека странец ги пласира снимките, и во тоа не гледам проблем. Во мај германски „Шпигел“ објави инкриминирачка видео-снимка за австрискиот вицепремиер Штрахе, а во јуни уште еден германски весник, „Билд“, објави прислушкувани разговори за албанскиот премиер Рама-додава Савески.


И.С.

Можеби ќе ве интересира

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска