Савова за Фактор: Стефанова прави претстава во празно
Објавено во: Македонија 27 Јануари, 2020 13:51
Барам објаснување од денешниот сведок во случајот „Рекет“ обвинителката Лиле Стефанова да каже дали видела мој допис, потпис или прави претстава во празно, вели Наташа Савова за Фактор и вели дека тврдењата на Стефанова се паушални. Поранешната обвинителка од СЈО Стефанова денеска во судницата реше дека еднаш кога дошол кај неа осомничениот во „Империја“ Орце Камчев донел писмо за кое тврдел дека го напишала Савова.
Савова вели дека станува збор за истата обвинителка која, како што вели, има докажана репутација на отворање и водење монтирани процеси за политички притисок, а во последниов случај, како што вели се гледа и рекет.
„Дали е оваа истата обвинителка за која се поднесени кривични пријави за сомневања за барање поткуп во наведениов случај? Единствено што е сигурно, од денешното појавување на обвинителката е дека најверојатно поради, како што и самата денес изјавува - колегијалност помеѓу фелата треба да е среќна што седи на клупата на сведоци а не на обвинети, вели Савова.
Савова се сомнева дека Лиле Стефанова има некој негативен став кон неа уште поодамна. Стефанова беше обвинителка на случајот Надеж кој беше поврзан со поранешниот претседател Бранко Црвенковски за тендерот за организирање на Самитот на претседателите од Југоисточна Европа, одржан на 2. и 3. мај 2008 година во Охрид
Совет за јавни обвинители го отфрли обвинението за Надеж со 13 гласа против.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




