19 Декември, 2025
0.1753

СДСМ бара бесплатниот јавен превоз да остане и да се воведе пар-непар

Објавено во: Македонија 08 Февруари, 2017 15:05

Добивај вести на Viber

Откако град Скопје реши од утре да не важи мерката за бесплатен јавен превоз за сите граѓани поради загадениот воздух, од опозицијата реагираа и велат дека мерката бесплатен јавен превоз во Скопје, за што апелираат три години досега, е многу задоцнета и не може да биде ефикасна ако не е придружена со други мерки.

„Отровниот воздух го доведува во прашање здравјето на граѓаните во Скопје, а со месеци загаден воздух дишат и граѓаните на Битола, Велес, Кавадарци и други градови каде што ништо не е преземено.

Укажуваме на централната власт во заминување и на локалните власти веднаш да преземат најитни чекори што ќе придонесат кон намалување на последиците од загадувањето“, велат од СДСМ.

Од партијата на Заев предлагаат освен  бесплатниот јавен превоз, да се воведесистем на возење пар/непар.

Тие ги предлагаат овие мерки:

Истовремено да се вклучат поголем број автобуси, за сигурен и навремен превоз на граѓаните,

-Сите државни и општински надлежни органи да вршат секојдневно надзор за ефектите од мерките врз загадувањето во воздухот, 

-Да се направи проверка на кого се предаваат отпадните масла и дали истите се употребуваат како гориво како и проверка на работата и ефикасноста на котлите за производство на енергија во производните постројки;

-  Итно, времено да се запрат сите градежни активности во општините со зголемено загадување и

-  Да се субвенционира огревен материјал за социјално загрозените категории граѓани.

Ова се краткорочни мерки што можат да придонесат времено да се ублажи загадувањето.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот