19 Декември, 2025
0.0497

СДСМ денеска одбележа завршување на пат започнат во нивно време, затоа што утре ќе го пушта Мицкоски

Објавено во: Македонија 29 Јуни, 2025 15:39

Добивај вести на Viber

Пратеникот Миле Талески денеска во име на СДСМ го одбележа завршувањето на втората фаза од автопатската делмница Градско - Прилеп, а во меѓувреме пристигна официјална информација дека утре свечено ќе го пушти во употреба премиерот Христијан Мицкоски.

„СДСМ заврши над 90 проценти од патот низ Фаришката клисура, ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе се кити со туѓи перја. Со особено задоволство го одбележуваме завршувањето на патот низ Фаришката клисура, делницата на експресниот пат од Дреново до Градско.

Задоволството е поголемо заради огромното значење за граѓаните кој овој пат го има не само за Прилеп и прилепчани, туку и за граѓаните на Битола, Ресен и од целиот Пелагониски регион.

Горди сме затоа што СДСМ во својот мандат заврши над 90 отсто од работите овој проект, рече пратеникот од Прилеп и додаде дека актуелната власт за цела една година завршила само мал дел, да санира само едно свлечиште, да постави бетон од 10 метри, да заврши дел од сигнализацијата и дел од оградите.
Во меѓувреме пристигна известување од Владата дека утре свое обраќање на свечениот настан ќе има премиерот Мицкоски.

„Ве известуваме дека утре 30.06.2025 година (понеделник) во 12:00 часот претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на делницата Дреново- Фариш до Прилеп“, соопштија од владиниот кабинет.
СДСМ и претходно реагираше дека автопатот Градско - Дреново, експресниот пат Ранковце - Крива Паланка, рехабилитираниот регионален пат Охрид - Свети Наум и пругата до Куманово се проекти кои речиси целосно биле изградени во нивно време, но пуштени во употреба од актуелната власт, која како што рекоа од таму, нема свои идеи.


Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните