СДСМ до Сиљановска: Имате доволно години и искуство да не го слушате вашиот водач Груевски
Објавено во: Македонија 04 Декември, 2025 09:42
Опозициската СДСМ ја советува претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која им посака побрзо да ја надминат кризата, да не го слуша експремиерот и бегалец, Никола Груевски.
„Новата сила, енергијата и новиот тим на СДСМ носи криза само за ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. Тоа веќе е видливо но допрва на сите ќе им биде јасно, вклучутелно и на Давкова. И Социјалдемократскиот сојуз на Македонија има совет за претседателката Гордана Сиљановска Давкова: Имате доволно години и искуство да не го слушате повеќе вашиот водач Никола Груевски“, велат од СДСМ.
Партијата порачува дека тој концепт еднаш бил поразен и повторно ќе се случи тоа.
„Едноставно е погрешно и штетно за иднината на државата. Тој криминален концепт еднаш беше поразен и повторно ќе биде поразен сосе неговите ученици кои денеска ја крчмат Македонија. Никола Груевски пишува на Фејсбук дека е време за војни а претседателката Давкова јавно го кажува тоа како нејзин став дека „не е време за реформи“ затоа што е време за војни. Осуден и побегнат криминалец, кој украде 2 милијади евра народни пари од Будимпешта диктира повторна изолација на Македонија, нов грабеж и да ја управува Владата на далечинско. СДСМ е тука тоа да го спречи. Работата се уште не е завршена“, соопштија од СДСМ.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино
Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец
УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?
ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат
Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“
Град Скопје со препораки: Затоплувајте се само со суво и чисто дрво





