08 Октомври, 2024
0.0266

СДСМ: Единствени кои бранат криминал се ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски

Објавено во: Македонија 13 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ, со реакција за ВМРО-ДПМНЕ.

„Единствените кои бранат криминал и штитат криминалци се ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски чија единствена агенда е одбрана на криминалниот режим и неговите остатоци.

ВМРО-ДПМНЕ одработува за тајкуните од режимот и обвинетите криминалци, со надеж дека ќе ја поткопаат правната држава, дека нема да се донесе новиот закон за ЈО, дека нема да станеме членка на НАТО и ЕУ и дека вистинските криминалци ќе ги спасат и да ги претстават како жртви.

Нема да успеат обидите на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ги загрозат случаите што се водат против криминалите на режимот и нивните тајкуни.

Апелираме до сите надлежни институции што побрзо да го расчистат актуелниот случај и сите за кој ќе се докаже вина да одговараат, вклучително и тајкуните на ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа е во интерес на правдата, државата и граѓаните.

Истовремено, сите отворени предмети мора да се расчистат до крај. Предметите Титаник, Тврдина, Таргет, Транспортер, ТНТ, Титаник 2, Тортура, Тврдина 2, Насилство во Центар, Трезор, Топлик, Тендери, Тарифа, Тенк, Труст, Триста, Тотал, Траекторија, Талир, Империја, Странски Служби, Актор, Лидери, Тарифа 2, Транспортер 2, Моќник, Дизајн, Поштенска банка, Пропаганда, Империја 2, Хармонија, Базни Станици, Подарок и еден куп други мора да добијат правен епилог.

Република Северна Македонија е правна држава во која владеењето на правото е неселективно. Никој не е и нема да биде над законите, за секое незаконско постапување следува одговорност“, пишува во соопштението. 



Можеби ќе ве интересира

СУМ РАБОТЕЛ ОД СОБИРАЧ НА ПИКАВЦИ, ДО ПРАВЕЊЕ ЗДЕЛКИ ОД СТОТИЦИ МИЛИОНИ ЕВРА, СО НАЈГОЛЕМИОТ КРЕМ ОД ЕВРОПА: Мицкоски вели дека од професорска плата немаше да направи таква куќа

СУМ РАБОТЕЛ ОД СОБИРАЧ НА ПИКАВЦИ, ДО ПРАВЕЊЕ ЗДЕЛКИ ОД СТОТИЦИ МИЛИОНИ ЕВРА, СО НАЈГОЛЕМИОТ КРЕМ ОД ЕВРОПА: Мицкоски вели дека од професорска плата немаше да направи таква куќа

СЕ БАРААТ ДИРЕКТОРИ ЗА БИТНИ ПОЗИЦИИ – ќе има ли промени во раководните структури на Царина и УЈП

СЕ БАРААТ ДИРЕКТОРИ ЗА БИТНИ ПОЗИЦИИ – ќе има ли промени во раководните структури на Царина и УЈП

КОМУНАЛНА ПОЛИЦИЈА ВО СКОПЈЕ ДА ВОВЕДЕ РЕД ВО ГРАДОТ: Ваков предлог закон постои, еве што бара Герасимовски

КОМУНАЛНА ПОЛИЦИЈА ВО СКОПЈЕ ДА ВОВЕДЕ РЕД ВО ГРАДОТ: Ваков предлог закон постои, еве што бара Герасимовски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Енергетиката и инфраструктурата беа во фокусот на средбата Мицкоски - Вучевиќ во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Енергетиката и инфраструктурата беа во фокусот на средбата Мицкоски - Вучевиќ во Скопје

МАЖ ПАДНАЛ СОБИРАЈЌИ КОСТЕНИ И ПОЧИНАЛ: Невенчаната сопруга го однела во болница и потоа се обидела да избега во Албанија

МАЖ ПАДНАЛ СОБИРАЈЌИ КОСТЕНИ И ПОЧИНАЛ: Невенчаната сопруга го однела во болница и потоа се обидела да избега во Албанија

ИМА ОПТИМИЗАМ КАЈ ЈАНЕВСКА: Дали наставниците наскоро ќе добијат покачување на платите?

ИМА ОПТИМИЗАМ КАЈ ЈАНЕВСКА: Дали наставниците наскоро ќе добијат покачување на платите?

(ВИДЕО) СНИМКА ОД ПОЖАРОТ ВО ЧАИР: Еве како избувна огнот

(ВИДЕО) СНИМКА ОД ПОЖАРОТ ВО ЧАИР: Еве како избувна огнот

ТВРДИ ДЕКА ПРЕДМЕТОТ Е ЧИСТ КАКО СОЛЗА: Јакимовски ќе врати со кривична за лажно пријавување

ТВРДИ ДЕКА ПРЕДМЕТОТ Е ЧИСТ КАКО СОЛЗА: Јакимовски ќе врати со кривична за лажно пријавување

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата