17 Декември, 2025
0.0387

СДСМ инсистира Владата да го обелодени договорот за гасификација

Објавено во: Економија 30 Јули, 2013 20:33

Добивај вести на Viber

Информациите кои ги обелоденил премиерот Никола Груевски во телевизиското интервју не биле доволни и затоа СДСМ инсистира Владата на јавноста да и соопшти што договорила со Руската Федерација околу гасификацијата, се вели во соопштението од опозициската партија.

СДСМ инсистира Владата на јавноста да и соопшти што договорила со Руската Федерација околу гасификацијата.

„За граѓаните на Македонија не се доволни фалбите на власта дека самото потпишување на договорот чија што содржина не ја знаеме е голем успех за државата. СДСМ бара од премиерот и од Владата да кажат дали е ова единственото што имаат да им го соопштат на граѓаните за овој проект? Потсетуваме дека вакви најави, дека гасификацијата само што не почнала да се спроведува во пракса, македонската јавност слуша од 2007 година. “ стои во соопштението од СДСМ.

Според опозициската партија, само со објавувањето на договорот „ќе се отфрлат сите сомнежи во однос на искреноста на Владата да го реализира проектот за гасификација на Македонија“.

Со потпишувањето на договорот е осигурана енергетската независност на земјава во наредните 50 години, се наведува во реакцијата на владеачката ВМРО – ДПМНЕ.

„Заслугите на ВМРО-ДПМНЕ се двојно поголеми бидејќи успеа да искористи пропуштена шанса на претходната влада на СДСМ, која не мрдна со прст кога земјите во регионот настојуваа да влезат во меѓународниот гасовод“ се наведува во реакцијата на владеачката партија.

Можеби ќе ве интересира

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас