19 Декември, 2025
0.0479

„СДСМ НЕ ВРШЕШЕ ОДРЖУВАЊЕ НА НИТУ ЕДЕН ПРОЕКТ ИЗГРАДЕН ОД ВРЕМЕТО КОГА РАКОВОДЕВ СО ВЛАДАТА ЗА ДА СОЗДАДЕ ЛАЖНА СЛИКА“: Груевски радосен за реновирањето на Музејот на вода

Објавено во: Македонија 14 Јули, 2025 07:30

Добивај вести на Viber

Екс премиерот на Македонија, Никола Груевски, во чие време беше изграден Заливот на коските, повеќе познат како музеј на вода во Охрид, се огласи на социјалните мрежи, истакнувајќи дека СДСМ намерно не вложиле ниту денар во она што го изградила неговата влада, само за да покажат дека објектите што се граделе биле неквалитетни и се распаѓале, оти биле направени од стиропор. Сепак не го сокри задоволството од тоа што актуелната власт, вложила пари во Музејот на вода и во Македонско село.
Ме израдува веста дека државата извршила реновирање на “Заливот на коските”, музеј во форма на неолитска наколна населба во Охрид, позната и како музеј на вода. Реновирањето чинело околу 250 илјади евра, што за една таква атракција на отворен простор не е воопшто значителен износ. Идејата за проектот беше на Паско Кузман, после направени одредени археолошки истражувања на местото и тој во тоа време беше одговорен за изградбата на проектот вреден околу 1 милион евра.

Музејот беше оставен на забот на времето со години без никакво одржување.

Ако во изминатите години се издвојуваа мали средства на неколку години во одржување на овој објект, вкупниот износот ќе беше многу помал од овој.

За жал, СДСМ не вршеше одржување на ниту еден проект изграден во времето кога раководев со владата, со цел да покаже лажна слика пред граѓаните дека објектите кои сме ги изградиле се неквалитетни и дека се распаѓаат.

Со лажна пропаганда успееја да наметнат верување кај голем дел од граѓаните дека објектите кои ги градеше Република Македонија во времето кога раководев со владата биле од стиропор, иако вистината е дека само украсно-декоративните елементи на дел од фасадите на објектите (орнаментиката) се од стиропор, тренд кој секаде низ Европа и светот се применува во 21 век. Целата градба на сите објекти е бетон и цигла, како што е нормално во ова време. Но сто пати повторена лага, кај некои луѓе станува вистина, пропагандата даде тезултат.

Секој објект ако нема редовно одржување по одреден број години ќе манифестира проблеми.

Овој пример со одржување и реновирање треба да се примени и на другите објекти каде што е потребно, изградни пред доаѓањето на власт на СДСМ на Заев (во нивно време ништо не се изгради), бидејќи тој кон државните објекти изградени во периодот на неговите политички опоненти се однесуваше како да не се државен имот, бидејќи самиот тој и неговиот тим не беа способни, ниту заинтересирани ни 5% од тоа да изградат. Речиси се што не беше довршено го прекинаа, а се што беше довршено не го одржуваа.

Исто така, покрај одржувањето на изградените објекти, како музеи, театри, објекти на државната администарција, жичарници, патишта, мостови, фонтани, железници, енергетски проекти, водоводи итн, потребно е и редовно одржување на спомениците и спомен обележјата како чувари на нашата историја и идентитет и како објекти атрактивни за туристите, на ист начин како што се прави во целиот свет. Оставањето на забот на времето на било кој објект, па и на спомениците, може да биде безбедносен проблем во иднина.

Неодамнешната најава за давање под концесија на “Македонско село”, во близина на црквата Пантелејмон во скопско Нерези, што значи и негово повторно отворање, откако поранешната власт го затвори без причина, проект во кој владата која ја предводев вложи во негова изградба околу 5 милиони евра, исто така е чекор кој оди во правец на зачувување и искористување на државниот имот, во целите на туризмот и пошироко.

Сето тоа е државен имот, и независно во кој период се направени тие инвестиции, секоја власт законски е должна да се грижи за одржување на државниот имот“, напиша тој.



Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината