СДСМ: Нервозата и паниката во ВМРО-ДПМНЕ не може да ги спречат промените!
Објавено во: Македонија 14 Декември, 2016 11:00
Поразената ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека граѓаните на избори со пенкало го срушија режимот на Никола Груевски и избраа живот во Македонија, соопштуваат од опозициската СДСМ откако утринава беше каменуван партиски штаб на СДСМ во населбата Бардовци.
„Искршениот штаб на СДСМ во населбата Бардовци, што се случи по невротичниот прес на Влатко Ѓорчев,само ја потврдува нервозата и паниката што владеат во ВМРО-ДПМНЕ, по дебаклот на изборите во Македонија.
Мнозинството граѓани на Македонија гласаа за живот, за стабилност, за слобода, за промени и тие промените веќе се случуваат“, реагираат од партијата на Заев.
Оттаму порачуваат дека е завршено времето на политичари, како што пишуваат „обвинетиот за насилство Никола Груевски и криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ којашто граѓаните на овие избори ја испратија во историјата“.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




