СДСМ: Никој повеќе не го слуша Груевски, дури ни неговите од ВМРО
Објавено во: Македонија 16 Октомври, 2016
Никој повеќе не го слуша обвинетиот Груевски, дури ни неговите од ВМРО-ДПМНЕ, ниту оние кои ги донесе во затворената сала, се вели во реакцијата на СДСМ, на народниот собир на ВМРО-ДПМНЕ на кој се обрати лидерот Груевски.
„Знаат граѓаните како Никола Груевски им го уништи животот со секоја страница повеќе во програмските шеми на фамилијата. И трпението има граници, на 11 декември победува и пресудува граѓанскиот глас“, се вели во соопштението на СДСМ.
- 11 декември е важен ден за Македонија, тоа е денот кога секој може да покаже во каква Македонија сака да живее и затоа на овие избори не е потребна само победа, туку е потребна поддршка за 63 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ, за стабилна и сигурна Македонија, 63 пратеници кои ќе значат силна порака за сите кои го навредуваат народот и крај на црните и мрачни сценарија на Заевци и Верушевци. Тоа ќе значи мнозинство кое никој ќе нема право да го уценува. Спремни се за мноху работи, да отстапат многу нешта, спремни се и за двијазичност во државата за пратеникповеќе, и кичма да виткаат и интереси државни да продаваат, затоа се потребни 63 пратеници. Да не им се остави ниту малку простор и надеж дека можат да се ценкаат и лицитираат, рече денеска Груевски на собирот во Борис Трајковски.