05 Декември, 2025
0.1825

СДСМ побараа враќање на дневната тарифа и поевтина струја, ВМРО вратија:Вие го продадовте ЕСМ

Објавено во: Економија 29 Ноември, 2012 19:06

Добивај вести на Viber

Од најголемата опозициска партија СДСМ побараа враќање на дневната евтина тарифа и намалување на цената струјата, од владеачката ВМРО пак вратија, продажбата на ЕСМ ги донесе ваквите сметки. СДСМ побара од Регулаторната комисија враќање на дневната евтина тарифа за електрична енергија, а Владата да им наложи на ЕЛЕМ и МЕПСО да запрат со сите непродуктивни трошоци и да спроведат политика на заштеди во своите компании со што ќе се обезбеди основа за намалување на цената на струјата. Како што денеска изјави денеска Миле Андонов, од СДСМ, граѓаните немаат пари да ги плаќаат новите високи сметки,  цената на електричната енергија е повеќе од дуплирана во изминативе шест години, a цената на огревното дрво и со последните намалувања е за преку 60% повисока од пред шест години. „Укинувањето на дневната евтина тарифа ќе предизвика дополнително зголемување на трошоците за електрична енергија. Уште тогаш се спротивставивме и предупредувавме дека одлуките на Регулаторната ќе предизвикаат преголем товар за граѓаните соочени со сиромаштија, а поради основаните сомнежи за незаконитост, Хелсиншкиот комитет нив ги оспори и пред Уставниот суд“, рече Андонов. Тој обвини и дека сите овие поскапувања се резултат на недостатокот на инвестиции во енергетиката, зависноста на Репунлика Македонија од скапиот увоз, но исто така и на милионските непродуктивни трошоци на државните ЕЛЕМ и МЕПСО, во беспредметни рекламни кампањи, фасади за нивните административни згради, како и целосно нејасни инвестиции во ски терени и туристички капацитети. ВМРО реагираше - СДСМ ја продаде ЕСМ „Темата за поскапување на струјата е апсолвирана. Граѓаните денес плаќаат поскапа струја како резултат на бонбона бизнисот на Шекеринска, кој беше направен во време кога СДСМ беше на власт. Со тој бизнис се изврши продажба на државниот монопол и пренесување на монополските овластувањата во рацете на приватна компанија“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. Исто така, се истакнува во соопштението уште во 2006-та година кога владата СДСМ го продаваше ЕСМ, експертот на СДСМ Атанаско Тунески призна дека ако се продаде ЕСМ ќе поскапе струјата. Наведувајќи ги инвестициите во енергетиката,  од ВМРО потенцираат дека во изминатите години инвестирале над 940 милиони евра,  што е двојно повеќе од сите влади на СДСМ. На ова СДСМ одговорија, дека Владата намерно не инвестирала во ниту еден капитален енергетски објект, за да може фамилијата да направи криминален увоз на скапа струја од речиси една милијарда евра. „Јавноста е сведок дека секој пат кога ВМРО-ДПМНЕ се обидува да најде алиби за поскапувањата, се повикува на настани од пред седум години и на лажното тврдење дека продажбата на ЕСМ е причина за денешното поскапување на струјата“, велат од СДСМ.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје