СДСМ потврди дека директно ќе се даваат пари на граѓани
Објавено во: Економија 08 Мај, 2020 09:19
Синоќа економскиот совет на СДСМ одржа состанок на кој се дискутираше за новиот сет економски мерки кои ќе бидат предложени до Владата за полесно надминување на економските последици од коронавирусот и за заживување на македонската економија, меѓу кои и директната финансиска помош на сметките на граѓаните и домаѓинствата со цел да се стимулира потрошувачката.
„Секоја криза е и нова можност. Сега кога здравствената криза полека го намалува интензитетот, фокусот го ставаме на развивање економски мерки со кои ќе се креира додадена вредност и ќе се реструктуира економијата, во правец на:директна поддршка за граѓаните и домаќинствата преку јакнење на јавната и приватната потрошувачка; дополнителен стимул за компаниите за иден, подинамичен развој на македонската економија и вложување во домашното земјоделство“, објави претседателот на владеачката партија Зоран Заев на својот профил на Фејсбук.
Станува збор за меркикои, како што велат од СДСМ, на краток, среден и долг рок, се превземаат чекори во насока на стабилизација на економијата, а потоа и враќање брзо на економскиот раст и развој на македонската економија и за зачувување на работните места.
„Сега е време кога ќе ги искористиме и нашите предности, земјоделс твото, сонцето, угостителско-туристичките услуги со огромен капацитет да растат, но и да ги зголемиме ИТ и дигиталната подготвеност и електронската писменост на населението. Да најдеме нови, креативни решенија кои не само што ќе ја придвижат економијата, туку ќе ѝ дадат и дополнителен стимул за нов почеток и динамичен раст и развој. Во духот на солидарноста, социјалната еднаквост и праведност, грижа за секое работно место и секој работник“, додава Заев.
Можеби ќе ве интересира
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји
Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје
„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз
(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“
Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?
Венецуела тврди дека Трамп ја сака нејзината нафта - дали тоа навистина е целта на САД?
ТРОШАТ ПОВЕЌЕ ОД ПОРАНО: Колку заработи Албанија од туристите годинава?
Стопанска банка а.д. Битола од денес и официјално АЛТА банка АД Битола
Од 1 јули следната година ЕУ воведува царина од три евра за нарачките преку сајтовите за е-трговија




