СДСМ со жесток став за „антиалбанецот“ Груевски кој сега се доодворува и моли за спас
Објавено во: Македонија 29 Јануари, 2017 15:40
СДСМ на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека се ставиле во функција на Сорос за демонизација на претседателот Трамп излезе со уште пожестоко соопштение во кое го обвинува Груевски за антиалбански ставови, како и за неговиот напад на претставниците на меѓународната заедница, вклучително и амбасадорот на САД.
- Добро е што граѓаните имаат можност да видат на што уште е подготвен Никола Груевски за своите интереси, во стравот од правдата и нивната одлука за промени. Албанците ги нарекуваше “шиптари“, бараше 63 пратеници за да не зависел од ДУИ, а сега моли за поддршка. Упати низа навреди и вулгарности кон претставниците на меѓународната заедница во Македонија, а сега, без образ се обидува да се додворува, стои во соопштението на СДСМ.
Од СДСМ потенцираат и за назадувањето на евроатлантските интеграции во последните години со досегашната власт.
- Сите, и домашната и меѓународната јавност знаат дека криминалното раковоство на ВМРО-ДПМНЕ 10 години свесно ја одалечуваше Македонија од ЕУ и НАТО, за да може без проблем да краде и да се богати, велат од СДСМ.
СДСМ се убедени дека Груевски повеќе нема да владее, а тоа го говорат и резултатите од изборите.
- Обвинетиот Никола Груевски не може да им понуди ништо ново на граѓаните и на Република Македонија, освен нови криминали, насилство, нови конфликти и изолација. Затоа над 612.000 граѓани на Македонија, од сите етнички заедници, избраа промени. Демократските процеси се почнати и Груевски и криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не можат да спречат, заклучуваат од СДСМ.
Можеби ќе ве интересира
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата




