СДСМ со жестоки критики за вчерашната лоша интервенција на завејаните патишта
Објавено во: Македонија 06 Јануари, 2017 14:20
СДСМ упати жестоки критики до власта за погрешните политики кои довеле до ослабување на надлежните служби во ситуации кога има елементарни и временски непогоди и сметаат дека вчерашната состојба на македонските патишта е недозволива, а на граѓаните им е потребна интервенција.
„Недозволиво е само неколку часа да паѓа снег и граѓаните во пола држава да се блокирани да функционираат. Цели семејства со деца се смрзнуваат по непроодните патишта. Завеани се цели села и градови. Со часови беше блокиран главниот коридор во земјава, Велес – Скопје, каде и сега сообраќајот се одвива исклучително тешко. Да не говориме за необезбедените клисури и засеци, каде и во лето има голема опасност од одрони, а не пак при снег. Препораката да не се излегува од дома не може да биде главна мерка за справување во снежни услови“ велат од СДСМ.

- Еден од главните проблеми е што надлежните институции немаат соодветна механизација. Снегот се расчистува со 100 проценти стара механизација! Освен што се стари возлилата, јавните претпријатија располагаат со многу мал број возила. Поради тоа ангажираат други приватни фирми, но и тие, според информациите што ги имаме, имаат стари возила.
Едноставно, поради криминалните политики на досегашната власт за непотребни камени објекти и лажен барок, преку што се богатеа поединци, државата е оставена без капацитет да одговори на потребите на граѓаните.
Знаат најдобро поплавените граѓани што им се случи во летните поплави, од само неколкучасовен дожд, што однесе и човечки жртви, само затоа што немаат атмосферска канализација во 21-от век.
Граѓаните затоа избраа промени. Граѓаните имаат потреба од институции што ќе работат во нивна служба и коишто ќе ги штитат нивните интереси.
Институции во служба на граѓаните е една од 5-те главни точки во Планот за живот што го поддржаа граѓаните.
За тој да се реализира потребна нова одговрна Влада на граѓаните на Република Македонија.
И многу скоро, државата ќе биде впрегната да ги обезбеди потребите на луѓето во Македонија“, велат од СДСМ.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




