„Јавно објавени информации и достапни документи покажуваат дека во времето додека кандидатката на ВМРО – ДПМНЕ, Гордана Сиљановска била министерка во владата, нејзиниот сопруг од државата купил куќа од над 100 квадратни метри во центарот на Скопје. Сиљановска пред граѓаните должи одговор како и на кој начин токму нејзиниот сопруг од државата купил куќа додека таа била министерка“, аоопштуваат од СДСМ.
Од таму додаваат дека по случајот со бизнисот со фри шоп на нејзиниот сопруг, ова е уште еден случај на „основано сомневање за непотизам и судир на интереси“ и ги повика граѓаните да гласаат за Пендаровски во вториот круг од претседателските избори на 5 мај.