19 Декември, 2025
0.0521

СДСМ: Сопругот на Силјановска купил куќа од државата додека таа била министер

Објавено во: Македонија 03 Мај, 2019 09:58

Добивај вести на Viber


Социјалдемократскиот сојуз денеска во јавноста излезе со информација дека Гордана Силјановска Давкова, која инаку му е противник на владиниот претседателски кандидат Стево Пендаровски, со својот сопруг купиле куќа од државата со површина од 100 метри квадратни додека била министерка во Владата од 1992 до 1994.

Од СДСМ велат дека се работи за атрактивна локација во центарот на Скопје и ја прашува Силјановска дали со своето влијание помогнала нејзиниот сопруг на негово име да го откупи овој државен имот.

„Јавно објавени информации и достапни документи покажуваат дека во времето додека кандидатката на ВМРО – ДПМНЕ, Гордана Сиљановска била министерка во владата, нејзиниот сопруг од државата купил куќа од над 100 квадратни метри во центарот на Скопје. Сиљановска пред граѓаните должи одговор како и на кој начин токму нејзиниот сопруг од државата купил куќа додека таа била министерка“, аоопштуваат од СДСМ.

Од таму додаваат дека по случајот со бизнисот со фри шоп на нејзиниот сопруг, ова е уште еден случај на „основано сомневање за непотизам и судир на интереси“ и ги повика граѓаните да гласаат за Пендаровски во вториот круг од претседателските избори на 5 мај.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот