СДСМ за анкетата на „Димитрија Чуповски“: Груевски се обидува да штелува бројки
Објавено во: Македонија 15 Октомври, 2016
„Ништо не може да му помогне на обвинетиот Никола Груевски кој на 11 декември ќе ја добие вистинската анкета од граѓаните пред кои ќе мора да одговара“, реагираат денеска од СДСМ на анкетата на институтот „Димитрија Чуповски“.
- Обвинетиот Никола Груевски се соочи со фактот дека мора да оди на избори на 11 декември и оттаму потекнува новата хаотична анкета на партискиот институт „Димитрија Чуповски“, на којшто му излета мнозинското разочарување на граѓаните во економијата.
Никола Груевски се обидува да штелува бројки по нарачани анкети од партиските испостави, во зависност од интензитетот на неговиот страв од одговорност, но од вистината бегање нема“, се вели во реакцијата.
Инаку најновата анкета направена од институтот, спроведена телефонски во периодот од 7 до 10 октомври на 1.237 испитаници, покажува дека за владејачката партија, ВМРО-ДПМНЕ би гласале 27,6 отсто од граѓаните, за опозициската СДСМ 16,1 отсто, за ДУИ 6,3 отсто, а за ДПА 2,9 отсто од граѓаните. За „ниту една партија“ се одлучиле 22 отсто од анкетираните, а „не знам“ одговориле 17,4 отсто.