27 Декември, 2024
0.0406

СДСМ ЗА ОБВИНУВАЊАТА НА ВМРО-ДПМНЕ: Крајно незрело е да се напаѓа проект кој е во тест период

Објавено во: Македонија 29 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Oд СДСМ велат дека ВМРО-ДПМНЕ 11 години системски го уништуваше образованието на секое ниво, а денес како опозиција продолжува со деструктивно однесување, кое е спротивно на учениците, наставниците и образовниот процес. 

Социјалдемократите реагираат дека несериозно, неодговорно и крајно незрело е да се напаѓа проект кој сѐ уште официјално не е почнат и сѐ уште се наоѓа во тест-период.

„Првпат во државата се воспоставува сложен и масовен онлајн-систем и тоа се прави за исклучително кус рок. До утрово на платформата успешно се вклучија 88.000 корисници, предизвици секако дека ќе има, но она што е важно се посветеноста и аганажираноста на сите вклучени страни во брзо надминување на предизвиците и воспоставување целосно функционален систем на онлајн-настава“, нагласуваат од СДСМ. 

Оттука велат дека ВМРО-ДПМНЕ нема право да зборува за технологии во образованието затоа што учениците воопшто не ги виделе компјутерите што требало да бидат наменети за секое дете, а вредеа десетици милиони евра. 

Од ВМРО-ДПМНЕ претходно обвинија дека проектот доживеа колапс и внесе конфузија. 

„Иако Министерството за образование и наука претходно ги информираше родителите какви спецификации треба да имаат компјутерите со кои учениците би ја следеле наставата, кои воедно ги оптовари родителите за дополнителни близу 20 илјади денари од семејниот буџет за обезбедување на соодветен компјутер, сепак националната платформа се покажа нефункционална. И покрај проблемите со користењето на националната платформа, сепак над 40 илјади деца во државата нема да можат да следат онлајн-настава бидејќи немаат компјутер со потребните спецификации. Владата имаше цели 8 месеци да подготви издржано решение, а ние денес на само неколку дена пред стартот на учебната година имаме огромен неуспех“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска имаше координативен онлајн состанок со над 200 директори од основни и средни училишта во државата. На состанокот, како што соопштија од Министерството, се разговарало за сите актуелни прашања и за организираноста за стартот на учебната година.

Можеби ќе ве интересира

Левица: Вваквата партизираност на функцијата и пасивноста на ДКСК сериозно го нарушуваат кредибилитетот на институцијата

Левица: Вваквата партизираност на функцијата и пасивноста на ДКСК сериозно го нарушуваат кредибилитетот на институцијата

А ШТО ИМААТ ДА КАЖАТ ЗЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ ЗА ПРЕТСТОЈНИТЕ ПРАЗНИЦИ? Прочитајте ги нивните препораки

А ШТО ИМААТ ДА КАЖАТ ЗЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ ЗА ПРЕТСТОЈНИТЕ ПРАЗНИЦИ? Прочитајте ги нивните препораки

КОЈ ЌЕ ГИ ЗАБАВУВА СКОПЈАНИ НА ПЛОШТАДОТ „МАКЕДОНИЈА“? Конечно се откриени артистите

КОЈ ЌЕ ГИ ЗАБАВУВА СКОПЈАНИ НА ПЛОШТАДОТ „МАКЕДОНИЈА“? Конечно се откриени артистите

ЛАДНАТА „ЛА НИЊА“ НА БАЛКАНОТ: Уште поголема зима не очекува во Јануари и во Февруари!

ЛАДНАТА „ЛА НИЊА“ НА БАЛКАНОТ: Уште поголема зима не очекува во Јануари и во Февруари!

СЕЗОНСКИОТ ГРИП ГИ ПОЛНИ ОРДИНАЦИИТЕ: Загадениот воздух дополнително ја влошува ситуацијата

СЕЗОНСКИОТ ГРИП ГИ ПОЛНИ ОРДИНАЦИИТЕ: Загадениот воздух дополнително ја влошува ситуацијата

ПРАЗНИЦИТЕ СЕ БЛИЖАТ: Зошто нема еуфорија?

ПРАЗНИЦИТЕ СЕ БЛИЖАТ: Зошто нема еуфорија?

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Финансиската полиција го уапси Артан Ајрули за набавка на телевизори во Државна лотарија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Финансиската полиција го уапси Артан Ајрули за набавка на телевизори во Државна лотарија

ЗА НАБАВКА НА ТЕЛЕВИЗОРИ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА: Уапсен газдата на „Ритрон Копи“

ЗА НАБАВКА НА ТЕЛЕВИЗОРИ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА: Уапсен газдата на „Ритрон Копи“

АЛБАНИЈА ПОТВРДИ: Артан Груби нема албанско државјанство

АЛБАНИЈА ПОТВРДИ: Артан Груби нема албанско државјанство